Сензори
од водечки производители
Сензорите детектираат настани или промени во нивната околина. Овие информации ги праќаат до другата електроника. Сензорите се клучен дел за автоматизација на производни процеси во широк спектар на индустрии. Преку аналогни или дигитални сигнали обезбедуваат значајни информации за физичко присуство, физичко својство, движење, или близина на објекти. Тие служат за тестирање, мерење, и контрола на разни видови процеси и функции на машините. Со појавата на Интернет на Нешта (Internet of Things – IoT) континуирано расте потребата за сензори кои функционираат како примарни генератори на податоци.
Долга листа на производители
Нашиот богат асортиман Ви нуди избор на повеќе од 100,000 сензори од светски водечки производители:
Изберете совршен сензор за Вашата апликација
Вие може да пронајдете сензори со бинарни-, аналогни-, и IO-link излези. Изберете помеѓу:
Изберете вистинско решение за секоја Ваша задача
Избор според оперативен принцип на сензор
Врз база на оперативниот принцип на сензорот, ние ги нудиме следните типови на сензори:
- Индуктивни,
- Фотоелектрични,
- Капацитивни,
- Магнетни,
- Ултразвучни,
- Радари,
- За аголна позиција,
- За линеарна позиција,
- 3D,
- Светлосни завеси,
- Вилушкасти,
- Енкодери,
- и Фибероптички.
Прочитајте ги најновите вести
Turck ултразвучни сензори RU-U серии – моќни и доверливи
Опфатен голем мерен опсег со помалку варијанти на сензори, и максимална компатибилност со претходни серии.
Turck капацитивни сензори – кликни & нагоди
Лесно нагодување на прекинувачкото растојание преку контролен систем додека сензорот работи. Едноставно кликнете на интегрираниот тастер!
Hengstler инкрементален енкодер NorthStar модели
Екстремно робусни NorthStar инкрементални енкодери за најсурови средини.
Leuze ретро-рефлективен сензор – детекција на сè и сешто
Моделот RK 46C VarOS е фотосензор со неполаризирана светлина и со значително поголема флексибилност при детекција и на објекти со нестандардна форма.
Бесконтактен индуктивен енкодер
Бесконтактен QR24 индуктивен енкодер со висока резолуција. Нагодување на бројот на импулси во опсег од 1 до 5000 импулси по вртеж. Отпорен на абење и на магнетно поле. Повеќе опции за монтажа. Цврсто компактно куќиште.
Turck индуктивни сензори uprox3 серија
Убедливо најголеми прекинувачки далечини без компромиси во перформансот. Модели достапни и со робусен PTFE или WeldGuard слој. Флексибилна монтажа.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.












