Контролна опрема
од глобални производители
Контролна опрема за индустриски апликации опфаќа контролни уреди кои Ви помагаат да ги контролирате Вашите индустриски производни процеси. Индустриски бројачи, Индустриски контролери, Процес индикатори, Апарати за регистрација на податоци, Контролни станици и џојстици, и други слични придружни компоненти обезбедуваат идеалнa контрола за Вашите индустриски капацитети.
Оптимални процеси преку доверлива контролна опрема

Во нашето богато портфолио Вие може да пронајдете широк избор на контролна опрема дизајнирана со цел да обезбеди точност, стабилност, доверливост, и квалитет. Опремата е особено погодна за апликации со високо ниво на прецизност.
Ние нудиме производи од следните производители:
Широк избор на контролна опрема

Прочитајте ги најновите вести за контролната опрема
Контролни станици за повеќе оператори
Контролна станица FSMMD од Spohn & Burkhardt за полесна повеќесменска работа! Овозможува брз и лесен избор на индивидуална конфигурација на операторот!
Spohn + Burkhardt џојстици и контролни станици
Издржлива, робусна, и комфорна контролна опрема по Ваша мерка. Гарантирана безбедност, современост, и доверливост во широк спектар на апликации!
West контролер за температура
Универзален индустриски PID контролер. Брза конекција, лесна конфигурација. Универзални влезови и за други процесни променливи.
Индуктивен пар за IO-Link сигнали
Бесконтактен пренос на IO-Link контролни сигнали, и на моќност. NIC парот е идеална замена во апликации каде контактни елементи (лизгачки прстени, четкици...) се подложни на абење за разлика од NIC парот.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.