West Control Solutions

е глобален експерт за контрола на процеси и температура.

Повеќе од 90 години, West Control Solutions производите обезбедуваат точност, стабилност, доверливост, и квалитет. Вие може едноставно да ги користите во апликации каде се бара високо ниво на прецизност.

West Control Solutions лого

Глобален експерт за контрола на температура

Едноставна контрола на Вашиот процес

West Control Solutions производите ќе Ви помогнат да ги контролирате Вашите процеси и температура во индустрии: за обработка на пластика, со примена на печки, за пакување, за храна и пијалоци, за животни науки, итн.

  • Контролери со единечна јамка

  • Контролери со повеќе јамки

  • Контролери за ограничувања на температура

  • Процес индикатори

Ви треба помош? Дозволете да Ви помогнеме.

Изберете совршен контролер за Вашата апликација

West Control Solutions производите се доверливи и едноставни за употреба. Вие може да изберете совршено решение за автоматизација на Вашиот процес.

Ако системот бара единечна јамка, тогаш изберете контролер со единечна јамка за контрола на процесот. Постојат неколку варијанти на овие инструменти – од основни со единечни, мануелни промени на референтна точка; до софистицирани профили со капацитет за повеќе промени на референтната вредност на одреден временски период.

Исто така, контролерите со единечна јамка честопати се нарекуваат front-of-panel (FTP) контролери. Овие контролери имаат јасен дисплеј на предната страна од контролерот кој се користи за поставки и промени во програмата.

Контролерите со повеќе јамки вообичаено се монтираат зад панелот, а се програмираат со помош на софтвер кој ги пренесува поставките до контролерот. Ако користите контролер со повеќе јамки наместо повеќе контролери со единечна јамка, тогаш Вие може да:

  • ги намалите трошоците за инсталација како резултат на една заедничка точка за конекција
  • го минимизирате бројот на жици и панели
  • го намалите времето на застој на машината, бидејќи контролерите може да се заменат без да се исклучи системот (hot-swap)

Контролeрите за ограничување на температура се користат за контрола на апликации каде има потреба од независно прекинување под долната или над горната граница на температурата. Ако се надмине претходно поставената граница на температура, тогаш излезните прекинувачи го исклучуваат системот. Честопати, контролер за ограничување на температура се користи во комбинација со контролер со јамка.

Вообичаено прифатливи се разни влезови како: термопар, RTD, или процесни влезови, а потоа се овозможува поставка на влезови за висока или за ниска температура. Kонтролерите за ограничување на температура се користат во разни апликации, а особено кај индустриски печки, и индустрија за животни науки.

West Control Solutions процес индикаторите може да се користат за прикажување на температура или други информации од процесот – притисок, проток, и влажност. Индикаторите се достапни во разни панел формати и големини.

Најголем број барања за апликацијата може да се исполнат со достапните флексибилни опции (некои можат повторно да ги пренесат тековните процесни податоци до други теренски уреди). Сите West Control Solutions индикатори имаат UL одобрение.

Сакате да набавите наши опрема?

Прочитајте ги најновите вести од West Control Solutions

Претплатете се на нашиот весник!

Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.