Индустрија 4.0
Индустрија 4.0 или уште позната како Четврта индустриска револуција означува трансформација на индустриско производство.
Интелигентното вмрежување од големи размери на Вашите машини и процеси преку информациски и комуникациски технологии ги трансформира Вашите производни податоци, меѓусебно поврзува големи множества на податоци, работна сила, процеси, услуги, системи и индустриски ресурси, и воспоставува Интернет на Нешта (на анг.: Internet of Things – IoT).
Експлоатирајте ги Вашите претходно затрупани податоци, и остварете паметно индустриско производство, носете одлуки во реално време, и засилете ја Вашата продуктивност, флексибилност, и агилност.
Преку Индустрија 4.0 до подобар перформанс
Основна технологија на Индустрија 4.0
Индустриски Интернет на Нешта (на анг.: Industrial Internet of Things – IIoT) е, и ќе биде клучна основна компонента во сите паметни фабрики. Платформите на Индустрија 4.0 го менуваат индустриското производство. IIoT обезбедува автоматизација на процеси кои Ви дозволуваат далечинска контрола на сите поврзани уреди.
Индустрија 4.0 и IIoT обезбедуваат подобро да се разбере начинот на работа на поврзани уреди со цел подобро да ги носите Вашите одлуки. IIoT Ви овозможува да прибирате податоци од уреди, а со анализа на истите да ја подобрите ефикасноста, продуктивноста и квалитетот. Предвидливото одржување Ви дозволува да заштедите пари, додека анализата на податоци во реално време Ви овозможува да спречите застој кој може скапо да Ве чини.
Клучни придобивки со Индустрија 4.0
Примена на Индустрија 4.0
Поширока примена на Индустрија 4.0
Прочитајте најновите вести за индустријата 4.0
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.