Зголемена реалност
Зголемена Реалност (AR) Ви овозможува да доживеете интерактивна околина, каде објектите од реалниот свет се нагласени преку компјутерски генерирана перцептивна информација која вклучува слики, текст, звук, вибрација, итн.
Индустрија 4.0 која промовира современи дигитални технологии, масовно применува вештачка интелигенција, IoT, AR, и обработка на голема количина на податоци со цел пораст на целокупната ефикасност на опрема и постројки.
Еве како можеме да Ви помогнеме
Типтех дејствува како “едно-шалтерски” извор (one-stop source) на AR решенија, т.е ние нудиме и софтверски решенија, и врвен хардвер, и поддршка. Експерти од Типтех ќе Ви помогнат да се потпрете на вештачка интелигенција (AI) со цел обработка на огромна количина на доверливи податоци, пораст на Вашата ефикасност и продуктивност, подобар квалитет на производство, заштеда на пари и време.
Наша почетна точка претставува темелен разговор со клиентот пропратен со анализа на случајот со цел да ја земеме во предвид генералната идеја за потребите на клиентот. Соодветно, ние создаваме наши AR решенија по мерка на потребите на клиентот. Заедно, ние избираме оптимален AR хардвер и го распоредуваме решението до производнaтa постројка на клиентот или магацин. Во фаза на производство, ние обезбедуваме помош и техничка поддршка со согласност за определено ниво на услуга со цел сигурен успех на нашиот клиент.
Исплатливост, продуктивност, иновативност –
скалило повисоко
Преку:
- Намалено когнитивно оптоварување
- Ажурирања во реално време
- Минимална технологија
- Универзална приспособливост
- …
AR ќе создаде позитивно влијание низ неколку индустрии: производство, здравствена нега, трговија, образование…
AR решенија за многу апликации
Врвна AR опрема
Нашите клиенти можат да имплементираат интерактивни инструкции и далечинска поддршка во AR околина преку Vuzix или Hololens паметни очила и TeamViewer Frontline софтверска платформа од врвна класа:
Соработувајте преку Holo-light ARES софтвер
Со помош на Holo-light ARES (Augmented Reality Engineering Space) софтвер за соработка овозможете им на Вашите инженери и индустриски дизајнери да дизајнираат индустриски машини – побрзо, поточно, и поефикасно.
Овој работен простор обезбедува поглед во сложени 3D модели во реална 3D околина, интеракција со модели, хиерархиски приод до модел, пресек на модели и склопки, и манипулација на потсклопки. ARES софтверот дава можност повеќе корисници да набљудуваат 3D модел во реален простор за време на закажана средба.
Прочитајте ги најновите вести за Зголемена реалност
Vuzix паметни очила M4000
Доживејте револуционерен начин на приказ на слика на транспарентен дисплеј со паметните очила од Vuzix M-серии. Долговечни решенија.
AR решенија за мобилни вработени
Дигитализирајте процеси за вработени со AR-овозможени решенија и носливи уреди. Оптимални и ефикасни процеси!
Unitronics Cloud IIoT платформа UniCloud – влезете во IIoT светот!
UniCloud cloud IIoT платформа е бесплатно, скалабилно, и сигурно решение. Имплементирајте го за помалку од 30 минути! Зголемете ја ефикасноста на Вашето производство.
Зголемена реалност со TeamViewer Frontline
Зголемена реалност во комбинација со носливи уреди ќе го поедностави и подобри перформансот на Вашите апликации преку компјутерска поддршка.
Далечинско одржување во индустрија
Многубројни бенефити од далечински пристап за одржување, активна контрола, и менаџмент на уреди. Гарантирано поефикасна работа во индустрија.
IoT платформа – едноставен менаџмент на IIoT уреди
Axiomtek AMS софтвер за визуелизација на податоци, cloud конекција, намалено време за развој на IoT проект.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.