MQTT
Message Queuing Telemetry Transport
MQTT претставува водечки TCP/IP machine-to-machine/IoT комуникациски протокол за Индустрија 4.0, кој обезбедува податочна размена во рамки на мрежа од уреди. Ова е лесен open-source комуникациски модел врз основа на publish/subscribe принцип со брзо време на одѕив. Работата со MQTT протоколот е брза и едноставна. Тој претставува добар избор за уреди со мала големина и ниска енергетска потрошувачка. Неговите минимални режиски трошоци гарантираат фин податочен пренос со низок пропусен опсег.
“Publish/subscribe” комуникациски метод
Благодарение на едноставен publish/subscribe комуникациски метод, MQTT претставува интересен протокол за употреба во мобилни апликации во кои клучни се енергетска ефикасност и доверлив податочен пренос. publish/subscribe методот нуди алтернатива на традиционалниот HTTP клиент-сервер модел каде клиентот директно комуницира со крајната точка.
Разликата е во тоа што клиентот во publish/subscribe моделот не го извлекува податокот од серверот, туку ја прима пораката релевантна на содржината на која се претплатил од серверот. За комуникација потребна е доверлива TCP врска. Доколку истата е прекината, серверот може да складира податоци во податочен бафер, а кога врската ќе биде повторно воспоставена истите ќе ги прати до клиентите.
Податочен пренос управуван од настан
Централна комуникациска точка е т.н MQTT брокер кој комуницира со клиенти (издавачи и претплатници) преку Интернет врска или локална мрежа. Издавач создава пораки кои ги објавува во одредена содржина.
Податочен пренос управуван од настан значи дека податок е предаден кога се случила промена (или на временски интервали). Претплатник прима пораки релевантни на содржината на која е претплатен.
Како стандардна пракса, содржините треба да следат хиерархија која дозволува логичко групирање/уредување за мрежа од сензори.
Прочитајте најновите вести од Мрежна опрема
Програмабилен контролер Yaskawa Vipa 300S+
Моќен, брз, и флексибилен програмабилен контролер VIPA 300+ за ефективно решение по мерка на Вашите сложени апликации!
Cognex фиксни баркод читачи DataMan 470 серија
Намалете трошоци со DataMan 470 од Cognex за комплексни апликации со висок пропусен опсег во производство.
Yaskawa Vipa SLIO компактен CPU 013C
Брзиот ѕвер SLIO компактен CPU е мал, но неверојатно ефикасен. Заштедете простор и пари! Неверојатна SPEED7 технологија.
AR решенија за мобилни вработени
Дигитализирајте процеси за вработени со AR-овозможени решенија и носливи уреди. Оптимални и ефикасни процеси!
Контролни станици за повеќе оператори
Контролна станица FSMMD од Spohn & Burkhardt за полесна повеќесменска работа! Овозможува брз и лесен избор на индивидуална конфигурација на операторот!
Adaptive Vision Studio 5.1 е спремен!
AV Studio 5.1 е најмоќен графички софтвер за брз развој на сложени системи за машински вид без претходни програмерски вештини.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.