За Типтех

Автоматиката е срцето и душата на Типтех од 1996 година. Низ текот на овие 25 години, ние станавме лидер за дистрибуција и имплементација на индустриски електромеханички и електронски компоненти, системи, и решенија. Успешно комплетиравме многу проекти за автоматика и им помогнавме на повеќе од 11.000 компании да развијат конкурентна предност.

Ние сакаме Вие да имате бенефит од нашето професионално знаење и висококвалитетна опрема од врвни светски производители на опрема за автоматика со цел да ја одржите Вашата конкурентна предност во сите области на индустријата.

Ви треба помош? Дозволете да Ви помогнеме.

Автоматика. Наша страст. Ваш успех.

Генерален директор

Типтех е водечка компанија за индустриска автоматика. Ние постојано го прошируваме нашиот опсег на активности и асортиман на производи. Посветено работиме за да ја одржиме нашата репутација на доверлив деловен партнер која ја заработивме и одржуваме повеќе од 25 години.

Со нашето знаење, искуство, и иновации им помогнавме на повеќе од 11.000 компании да го автоматизираат нивното производство, и да имаат бенефит од автоматизација на нивните процеси. Нашите клиенти ја подобрија ефикасноста, осигурија точност, постигнаа заштеда на време, ги намалија оперативните трошоци, и напредуваа пред нивната конкуренција.

Запознајте го нашиот Генерален директор – Дамијан Јагер.

Сакате да набавите наши опрема?

За Вас држиме чекор со најнови трендови

Во чекор со принципите на Индустрија 4.0, ние сакаме да Ви осигуриме пристап до Вашите машини, процеси, и производи во реално време. Ние Ви овозможуваме далечинска контрола на производство и поставување на процесни параметри.

Со текот на годините, Типтех се прошири меѓународно од Словенија во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, и Р.С. Македонија, а нашата компанија со повеќе од 90 вработени сè уште расте и брзо се шири.

Со задоволство ќе Ве советуваме, и ќе Ви помогнеме да развиете нова конкурентна предност!

Типтех подружници

Бројките покажуваат сè!

0
водечки светски производители
0
успешни Типтех подружници
0
висококвалификувани вработени
0
задоволни партнери

Дознајте зошто да нè изберете

Ние ќе Ви помогнеме да го испланирате Вашиот распоред и инсталација на опрема за автоматика, да ја проверите нејзината компатибилност со друга опрема, и да осигурите правилно функционирање на Вашиот систем.

Квалитетна техничка поддршка и грижа за клиенти пред и по продажба ќе Ви биде обезбедена од нашата група на искусни инженери. Како резултат на редовна надградба на нивните вештини и знаења преку посета на курсеви за обука од нашите производители на опрема, тие соодветно ќе Ви помогнат да изберете оптимална опрема за Вашите апликации.

Во нашата просторија за тестирање ќе направиме проценка на оперативна изводливост на понудената опрема и условите за нејзина употреба во однос на Вашата посложена апликација.

На Ваше барање, ние ќе се погрижиме за монтажа, инсталација, и пуштање во работа на сложена опрема за автоматика.

По Ваша желба, ние ќе развиеме софтвер согласно технологијата која ја нудиме, но лесно може да развиеме софтвер за цела Ваша апликација.

Нашите производители на опрема се експерти во своите области, и промотори на развој на нови технологии. Преку висококвалитетни и иновативни производи од светски познати производители, нашата цел е да осигуриме Ваш технолошки напредок и долг работен век на Вашите системи.

Со цел брза испорака на порачана опрема до нашите клиенти, ние чуваме доволна количина на стандардна опрема во нашиот сопствен магацин за да ги исполниме Вашите порачки. Брзата испорака е гарантирана со добро воспоставени патеки на логистика, и големи залихи на опрема за автоматика во магацините на производителите кои ги застапуваме.

Нашите висококвалификувани инженери за продажба, и нашиот доверлив персонал за логистика ќе осигури професионален и брз процес од порачка до испорака.

Покрај нашата висока додадена вредност, ние ќе Ви обезбедиме најдобра вредност за Вашите пари.

Одлично. Известете нè, а ние со задоволство ќе одговориме на сите Ваши прашања.

Контактирајте нè

Тоа што нас нè движи напред

Инженерски кадар

Мисија:

Континуирано следење на иновативен развој во глобална автоматика, анализа на нови идеи и решенија, и трансфер на истите до нашите партнери во најбрз можен рок.

Визија:

Да станеме партнер за развој со клучни клиенти на опрема за автоматика, услуги за поддршка, и решенија.

Дневна движечка сила:

Нашиот вешт инженерски тим со задоволство ќе Ве советува, и ќе Ви помогне да развиете конкурентна предност.

Богат асортиман на индустриска опрема за автоматика

Богат асортиман на опрема за индустриска автоматика од Типтех кој несомнено ќе ги исполни сите сложени барања за Вашите апликации.

Нашиот тим од искусни инженери помогна во развој на многу доверливи и уникатни решенија за автоматика со високи перформанси.

Нашиот асортиман на производи вклучува Сензори, Машински вид, Идентификација и логистика, Индустриски компјутери и мрежи, Безбедност на машини, Контролери  и EX опрема.

Исто така, можете да пронајдете и Програмабилни контролери, Моторни драјвови, IoT уреди, Прекинувачи и Други уреди за автоматика.

Инженерски тим

Прочитајте ги најновите вести

  • Vuzix M4000 Smart Glasses

Vuzix паметни очила M4000

Доживејте револуционерен начин на приказ на слика на транспарентен дисплеј со паметните очила од Vuzix M-серии. Долговечни решенија.

Претплатете се на нашиот весник!

Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.