PLC контролери

од признаени брендови

PLC контролерите се клучни компоненти за секоја апликација. Тие користат програмирана логика за контрола на Вашите уреди и процеси. Зафаќаат мал простор, а придонесуваат за намалени трошоци за ожичување, лесни промени во контролните системи, зголемена доверливост, експанзивност и пресметувачки капацитети. Нивниот цврст дизајн кој издржува вибрации, температура, и влажност Ви дозволува да ги користите и во сурови работни средини. Широкиот спектар на додатни модули Ви овозможува лесно проширување на перформансот на Вашите PLC контролери.

Ви треба помош? Дозволете да Ви помогнеме.

Контролирајте ги Вашите процеси со квалитетна опрема

Во нашето богато портфолио на PLC контролери ќе пронајдете опрема и додатоци од следните признаени и потврдени брендови:

Сакате да набавите наши опрема?

Изберете совршен PLC контролер за Вашата апликација

Програмабилните HMI контролери се идеално решение за мали и средни машини во процеси кои мора да бидат локално контролирани и набљудувани. Квалитетни колор екрани, екрани на допир со отпорничка мрежа, и современ процесор се некои нивни карактеристики.

Богат избор на PLC контролери со виртуелен и вграден HMI. Тие Ви дозволуваат да ја набљудувате и контролирате Вашата машина, или да пристапите до Вашиот процес преку било кој мобилен уред, компјутер, или далечински дисплеј уред. Вие може да изберете соодветна серија која e совршено усогласена со Вашите барања за: проекти со најсовремени машини и автоматизација, проекти со напредни машини и автоматизација, проекти со мали и едноставни машини…

PLC контролерите со соодветен софтвер Ви дозволуваат исплатлива конфигурација за контрола на движење во автоматизирани системи од било која големина. Контролерите за движење на запчаници, гребени, интерполација, можат едноставно да се адаптираат за самостојна употреба на единечна оска, за вмрежување со други контролни уреди, или за комплетна контрола на машина со повеќе оски.

Во рамки на PLC модули припаѓаат модуларни, вградени, локални, и далечински I/O модули кои се достапни да додадат, зголемат, или прошират функционалности на PLC контролери, и Ви нудат широк спектар на решенија за индустриска автоматика. Тие обезбедуваат компатибилност со конкретни комуникациски протоколи, како на пр.: Fieldbus, PROFIBUS-DP, DeviceNet, CANopen, Modbus TCP, Ethernet/IP и PROFINET. Исто така, можете да распоредите excom далечински I/O-системи за употреба во потенцијално експлозивни работни средини (EX Environments).

Ние нудиме и интегрирани решенија за да избегнете потешкотии, да заштедите време, и да бидете сигурни дека сè ќе функционира точно според Вашите потреби, додека сè уште уживате широк избор на компоненти и конфигурации. Преку интегрирани решенија составени од PLC + HMI + I/O + Серво + Драјвови со променлива фреквенција + други соодветни компоненти, целото програмирање и решавање на проблеми може да биде наеднаш завршено, а Вашиот бенефит е покуса патека на учење, поедноставен работен тек, и полесна интеграција.

Известете нè и ние ќе го најдеме соодветниот производ за Вас.

Контактирајте нè

Прочитајте ги најновите вести за PLC

  • Unitronics PLC training

Unitronics бесплатна PLC обука

Бесплатна обука организирана од Типтех д.о.о. Научете како да користите програмерска околина за Unitronics PLC контролери. Заштедете време, пари, и особено нерви!

Претплатете се на нашиот весник!

Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.