Контрола на движење

Контрола на движење претставува клучна технологија на пазарот за индустриска автоматика. Обезбедете посакувана акција во Вашaта работa преку примена на решенија за Контрола на движење со цел да осигурате прецизност, точност, и ефикасност. Во услови на сурови работни средини потпрете се на совршена повторливост и одговорност. Решенијата за Контрола на движење се соочуваат со одделни подвижни делови од машини на контролиран начин. Системите со Контрола на движење обезбедуваат движење на машини, но уште поважно, овозможуваат истото да биде навремено стопирано.

Ви треба помош? Дозволете да Ви помогнеме.

Прецизност, точност, ефикасност

Опремата за Контрола на движење доверливо контролира уреди со цел заштита од оштета на производна линија, но и од повреди на работно место. Ова е особено добродојдено кај производни линии, каде точноста при движење, ефикасноста, и моќноста имаат витално значење.

Драјвери за мотори, мотори, и помошни компоненти како сензори и кабли се основни компоненти на современите системи и контролери за Контрола на движење.

Сакате да набавите наши опрема?

Искористете го нашето долгогодишно искуство

Многу години наназад, разни решенија за Контрола на движење беа меѓу основните компетенции на Типтех. Така, сите компоненти од решенијата за Контрола на движење претставуваат интегрален дел од нашето портфолио и гордо означуваат супериорна доверливост.

Во комбинација со стручни совети и инженерски услуги од страна на Типтех, тие се гарантирано најдобри решенија за Контрола на движење во согласност со потребите на нашите клиенти. Ние ќе Ви помогнеме да развиете совршено решение

Развој на апликации

Денес, фреквентен конвертор се користи практично во секоја апликација со погонски систем со индуктивен мотор. Конверторот помага да се подобри Вашиот работен перформанс и енергетската ефикасност на Вашиот систем или опрема, потоа да се намалат трошоците за одржување, и да се продолжи работниот век на Вашите машини.

Фреквентен конвертор претставува ефикасно, доверливо, компактно, и исплатливо решение. Може да замени застарени системи при апликации на пуштање на мотор во работа, контрола на брзина и проток… Фреквентниот конвертор може да го намали целокупното одржување како резултат на способноста да ја менува излезната брзина на моторот без потреба од механички макари. Доколку Вашата апликација е соодветно дизајнирана, конверторот има способност да Ви заштеди пари преку неговата наследна природа да заштеди енергија така што троши моќност онолку колку што му треба.

Серво мотор е синхрон мотор на наизменична струја без четкици со интегрирана повратна врска за позиција, кој наоѓа примена во системи со Контрола на движење во затворена јамка. Како резултат на способноста да одреди позиција на осовина Ви овозможува контрола на позиција, брзина, и вртлив момент со висока прецизност.

Како резултат на дизајнот, серво моторот има наследни карактеристики и својства кои го издвојуваат од останатите електро актуатори. Серво мотор се употребува низ многу индустрии поради висока ефикасност, голема моќност во однос на големина, и поконстантен вртлив момент при поголеми брзини. Исто така, може да работи во затворена јамка; да биде високо доверлив, робусен, и тивок; да ротира со висока брзина и да достигне големо забрзување. Како резултат на робусноста и доверливоста, може да се употреби во сурови работни средини со присуство на вода или со температурни промени и високи ударни оптоварувања.

Вие може да изберете серво мотор во следните апликации: алати од машина кои бараат висока точност, роботика, опрема за пакување и пополнување, сечење на метал и дрво, пресекување и контурирање, CNC и машини во текстилна индустрија, машини за принтање, и останати апликации кои имаат високи барања за контрола на прецизна позиција, брзина, и вртлив момент.

Чекорен мотор има перманентна магнетна осовина (ротор) и стационарен електромагнет (статор) со вообичаено 50 електромагнетни полови така што може да постигне 200 чекори при еден вртлив циклус. Соодветно дизајниран систем може едноставно да го позиционира роторот од моторот без повратна информација од сензор за позиција.

Чекорниот мотор е ефтин, доверлив, робусен, со екстремно ниски трошоци за одржување. Моторот може да достигне многу висок вртлив момент при мали брзини, а има висок одржлив вртлив момент. Драјверите за чекорен мотор се мали, робусни, и едноставни за поставување и конекција со PLC или други системи.

Во основа, чекорниот мотор нуди одлично контролирана брзина, прецизно позиционирање, и повторливост на движење. Општо, секоја апликација која бара високо точно позиционирање, контролирана брзина, и вртлив момент при ниски брзини може да има придобивка од негова примена, како на пр.: опрема за 3D принтање, текстилни машини, роботика, машини за амбалажа, опрема за пакување и пополнување, CNC машини, алати за машини, подвижни ленти, итн.

Лизгачки прстен е електромеханички уред за пренос на електрична моќност од статички до ротационен дел на опрема, кој, исто така, може да предава електрични сигнали, оптички сигнали, флуиди и компресиран воздух. Постојат разни дизајни за различен број на канали, ротациона брзина, напон и струја, и можности за инсталација.

Лизгачки прстен се употребува низ следните индустрии: нафта и гас, третман на вода, медицина, електроника, воздухопловна индустрија, градежништво, и земјоделство. Најчести апликации вклучуваат: ветерници (со цел елиминација на разни извртувања и заплеткувања на кабли за време на ротационо движење на ветерница), интелигентно осветлување (со цел елиминација на разни извртувања и заплеткувања на кабли за време на ротационо движење на осветлување), машини за амбалажа со кружни подвижни ленти (со цел пренос на напојување и контрола од стационарен аспект на машинерија до ротациони делови).

Прочитајте ги најновите вести

Претплатете се на нашиот весник!

Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.