Решенија за Машински вид
Решенијата за Машински вид овозможуваат автоматски инспекции врз основа на слика, кои ќе Ви помогнат доверливо и доследно да ги решите Вашите сложени задачи. Нашите вешти инженери ја употребуваат оваа технологија како поддршка за компјутерски вид и мрежни камери со цел 100% контролиран производ, забрзување на Вашето производство, зголемен квалитет на производ и работна безбедност, како и намалување на трошоците за производство.
Ние сме водечки извор на решенија
Машински вид опфаќа апликации во кои Вие може да автоматизирате работно насочување на различни уреди кои ги извршуваат своите функции врз основа на снимени и обработени слики. Решенијата за Машински вид овозможуваат 100% квалитет на производ, така што детектираат ретки појави кои не можат да бидат детектирани со традиционални методи. Исто така, Вие може да развиете брзо мерење/контролирање, и да го отстраните човечкиот фактор при контрола на квалитет.
Типтех е водечки извор на решенија за Машински вид. Нашите високо квалификувани инженери ќе Ви помогнат да развиете оптимални високо-технолошки решенија. Системите за Машински вид ќе Ви помогнат да автоматизирате многу апликации, почнувајќи од верификација при склопување, па сè до сложени 3D роботски bin-picking апликации. Дополнително, Машинскиот вид ќе Ви овозможи да го намалите човечкото учество во Вашиот процес, и ќе гарантира високо ниво на безбедност.
Бидете чекор пред сите со наша опрема, знаење, и искуство
Ние нудиме широк спектар на врвна опрема за визуелна инспекција за сите типови на тестови. Нашето долготрајно партнерство со водечки компании за Машински вид ни дозволува да обезбедиме совршено решение за било која задача на сите наши клиенти.
Ние може да Ви помогнеме при развој на решенија за:
- Инспекција при склопување (присуство, боја, облик)
- Доверливо мерење на димензии (ширина, висина, агол)
- Следење на производ (позиција, ротација)
- Откривање на дефекти (гребнатини, длабнатини)
- Идентификација на дел (читање на код, препознавање на облици)
- Насочување на Вашиот робот (позиционирање, ротација)
Дозволете да Ви помогнеме при развој на Ваши решенија
Прочитајте најновите вести
Adaptive Vision Studio 5.1 е спремен!
AV Studio 5.1 е најмоќен графички софтвер за брз развој на сложени системи за машински вид без претходни програмерски вештини.
Графичка програмерска околина Studio for OpenCV
Брзо, лесно, и ефикасно креирајте апликации со Studio for OpenCV од Adaptive Vision. Нема потреба од програмерски вештини!
Cognex систем за машински вид In-Sight 3D-L4000
In-Sight комбинира 3D ласерски профил скенер и паметна камера. Подобра точност на мерења и поголеми можности за контрола!
Deep Learning камера за машински вид Cognex In-Sight D900
In-Sight D900 со моќен In-Sight ViDi софтвер овозможува брзо и лесно решение за комплексни проблеми. Погодна за широк спектар на апликации!
Basler Boost CXP камери: 20/30/45 MP HD резолуција
Basler boost серија на камери за апликации со висока резолуција, голема брзина, и висока точност со големо видно поле.
Photoneo 3D камера за машински вид MotionCam-3D
Стекнете предност со MotionCam-3D камера со највисока резолуција за зголемена ефикасност, и оптимизација на процеси во производство и склопување.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.