Basler boost CXP – доверлива контрола на процеси

Basler boost серијата нуди 6 нови модели на CXP камери со одличен квалитет на слика, благодарение на сензори од XGS ON Semiconductor серија. Камери за сите апликации кои бараат висока резолуција, брзо снимање на слика, и висока точност со големо видно поле. Екстремно доверлива контрола на квалитет на производ во производство или проверка на голем број на различни кодови во логистика.

Слики со висока резолуција

Boost серијата на CXP камери од Basler е одличен избор за апликации кои бараат брзо снимање на слики со висока резолуција и податочен пренос на големо растојание.

Basler е лидер на висококвалитетни компоненти кои може да се користат во широк спектар на апликации од областа на автоматика, логистика, трговија, и роботика. Нивните производи имаат докажана доверливост, одлична вредност за парите, и долготрајна достапност.

Сакате да набавите наши опрема за Машински вид?

Изберете идеален модел за Вашата апликација

Basler Boost CXP камери

Basler boost CXP камерите се идеална алтернатива за апликации кои бараа Camera Link или CoaXPress 1.1 (CPX-6) конекција во минатото. Basler Boost CXP серијата на камери со CoaXPress 2.0 интерфејс (CXP-12) беше надополнета со 6 модели со висока резолуција од 20/32/45 MP, со моно- и колорсензори од XGS серија на ON Semiconductor.

Дополнително, тие го надополнија постоечкиот асортиман на овие камери со тестирани Sony Pregius IMX255 (9 MP) и IMX253 (12 MP) сензори.

Исклучителен квалитет на слика

Новите модели на Basler boost CXP камери со моќни CMOS сензори со shutter технологија овозможуваат да снимате слики со висока резолуција со брзина до 45 фрејмови по секунда, без дисторзија.

За разлика од постарите CCD сензори, XGS сензорите со висока резолуција даваат исклучителен квалитет на слика со несфатлива брзина по конкурентна цена.

Basler pulse камери скенирање зона

Податочен пренос со брзина на светлина

Висока резолуција и брзина се обезбедени од CXP 2.0 интерфејсот, моментално еден од најбрзите податочни интерфејси со капацитет <12.5 Gbps. Обезбедува доверлив податочен пренос на растојание и до 40 метри, и симултано напојување и тригерирање на камера преку единствен коаксијален кабел.

Така, Вие може доверливо да синхронизирате повеќе камери со мала латентност, и полесно да конфигурирате систем за машински вид за сложени апликации.

Исклучителна доверливост

Basler boost CXP серијата е идеален избор за Вашите апликации каде доверлива контрола на производ и детекција на најмали грешки е клучна. Овие камери со висока резолуција се користат воглавно во производство на полупроводници, фотоволтаици, електронски кола, екрани, автомобилска индустрија, итн.

Добредојдени се и во логистика за брзо и доверливо скенирање на различни баркодови со големо видно поле.

Basler pulse камери

Едноставна интеграција и прифатлива цена

Basler Boost CXP камери

Basler boost Bundle сетот вклучува камера од boost CXP серија и интерфејс картичка, поддржана и на Windows и на Linux оперативни системи. Со сетот може да постигнете тестирана, оптимална, и координирана комуникација меѓу компоненти. Покрај едноставна интеграција, имате екстремно префериран сооднос цена/перформанс.

Ние нудиме и оригинални додатоци: податочни кабли, компатибилни C- F- и M42-mount леќи и адаптери, и погодно осветлување.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Basler Boost CXP Cameras

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news