Бесконтактно мерење

Бесконтактно мерење со 3D машински вид овозможува брзо, точно, и повторливо мерење и контрола на производи со различни форми и димензии! Претставува иновативен мерен систем создаден како резултат на соработка меѓу две водечки компании во нивното поле – Photoneo и Adaptive Vision.

Брзо и флексибилно бесконтактно мерење

Со својата опрема за 3D машински вид, Photoneo ефективно води грижа за поголема ефикасност и оптимизација на производство и процеси на склопување. Опремата е неминовна особено во автомобилска индустрија, логистика, електроника, но и прехранбена индустрија и медицина.

Компанијата Adaptive Vision, со својот супериорен софтвер овозможува брзо и лесно создавање на апликации за машински вид. Негова предност е библиотеката со готови модули, така што Вие повеќе се ориентирате кон оптимизација на апликацијата наместо на детали во програмскиот јазик.

Сакате да набавите наши опрема за Машински вид?

Брзо бесконтактно мерење со многу контролни точки

Мерниот систем Ви овозможува побрза контрола на објекти. Имате предност особено во случај на мерење на неколку контролни точки на мерниот објект, на пр.: проверка на рамна површина.

Нема потреба да го мрдате мерниот систем за изведба на точни мерења. Така, механичката подлога на целиот мерен систем и услуга ќе Ви бидат многу полесни.

Апликации на бесконтактно мерење

Традиционалното мерење со класични мерни методи најчесто одзема многу време и не е флексибилно. Со мерен систем за бесконтактно мерење со 3D машински вид, Вие ќе мерите невидено побрзо.

(A) Облак од точки снимен со 3D скенер

бесконтактно мерење 3D машински вид апликација 1

(B) Облак од точки во софтверска околина

бесконтактно мерење 3D машински вид апликација 2

(C) Прецизна контрола на точки во облак

бесконтактно мерење 3D машински вид апликација 3

Карактеристики

Достапни се различни димензии на Photoneo PhoXi 3D скенери. Со нивен избор, може да го нагодите максималниот волумен на системска контрола за Вашите потреби. Опсегот на контролна површина е меѓу 118 x 78 mm и 1954 x 1459 mm.

Флексибилниот мерен систем ќе Ви овозможи бесконтактно мерење на производи со различни форми и димензии. Покрај тоа може да бидете сигурни за висока точност и повторливост на мерења. Снимените мерење може да ги испратите преку различни комуникациски протоколи, како Modbus, TCP/IP, PROFINET.

бесконтактно мерење 3D машински вид апликација 4

Сакате да дознаете повеќе?

Contactless Measurement With 3D Machine Vision

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news