Политика за приватност

I. I. Визија за приватност

Правото на приватност е едно од најважните човекови права. Типтех Д.О.О, ул. Ивана Роба 23, 1000 Љубљана (“Типтех”) ја почитува приватноста на своите клиенти, па затоа ние пристапуваме кон личните податоци на нашите клиенти со должна одговорност, грижа, и во согласност со важечките правила и прописи на Република Словенија и внатрешните правила и подзаконски акти на Типтех. Единствено овластен персонал и договорни обработувачи на податоци имаат пристап до личните податоци, и единствено во опсегот и за целите кои се неопходни да осигурат непречени работни процеси кои обезбедуваат услуги од компанијата и исполнуваат права и обврски произлезени од склучените договори со нашите клиенти.

II. Претставување на контролер за податоци

Типтех е една од водечките компании за индустриска автоматика, која повеќе од 20 години успешно снабдува и дистрибуира најсовремени производи и решенија од врвни производители на индустриска автоматика. Тие заслужено ни го доделија правото да ја застапуваме нивната опрема. Согласно нашите основни дејности, ние сме квалификувани во категорија на “Агенти вклучени во продажба на разновидна стока” според ISIC класификација.

Ние сме посветени да ги поддржиме нашите ценети клиенти во остварување на нивните цели, не само преку широкиот избор на доверливи производи за автоматика, туку и со доверливи услуги. Клиентите можат да пристапат до овие производи во нашиот магацин во седиштето на Типтех во Љубљана. Производите се, исто така, достапни во нашите подружници во Хрватска (Загреб), Босна и Херцеговина (Сараево), Србија (Белград), и Македонија (Скопје). Нашата посветеност за општествена одговорност на компанијата е докажана преку нашата работна средина и работна етика на нашите вработени. Ние сме посветени кон совршен квалитет и поддршка на клиентот.

Клиентите се срдечно поканети да нѐ контактираат преку телефон или е-пошта, а ние ќе бидеме среќни да ги снабдиме со сите информации кои им се потребни. Исто така, клиентите се добредојдени да ги проверат ажурираните информации за достапни производи на нашата веб-страница tipteh.com/mk.

Во Типтех, ние сме свесни за важноста од заштита на лични податоци. Нашите клиенти се вредни за нас, и ние ја разбираме нивната загриженост за приватност, па затоа ние пристапуваме кон нивните лични податоци со должна одговорност. Ние потполно сме усогласени со нашата посветеност за законска, фер, и транспарентна обработка на лични податоци. Со примена на соодветни сигурносни мерки со цел спречување на неовластени лица да пристапат до личните податоци, ние ја одржуваме доверливоста и интегритетот на личните податоци, и спречуваме истите да бидат изгубени или случајно уништени за време на обработката.

III. Цели при обработка на лични податоци и правни основи

Податоци за пополнување на договор

Типтех ги обработува личните податоци на своите клиенти во опсегот и за целите на пополнување на договорите, т.е договори за снабдување со опрема за индустриска автоматика. Врз основа на правни основи одредени во договорите, личните податоци се, исто така, обработени во бараниот опсег за целите на нивно внесување во договорот, во процесот на преговори, по примање на посебна понуда или барање. Во случај кога услугите се онлајн обезбедени, компанијата гарантира неопходни технолошки и организациони решенија за да осигура потполна сигурност. Податоците се кодирани и пренесени до серверот на Типтех во заштитена форма. Системот спречува трета страна да ги пресретне личните податоци кои клиентот онлајн ги пратил до Типтех.

Податоци за подобра понуда од компанијата

Типтех собира и обработува податоци за компанијата и лични податоци со цел да оформи идеја за потенцијалот на посебни групи производи од нашата понуда, и со цел да ги испланира и подобри производите и услугите од нашата понуда достапна за клиентите.

Податоци за непречена работа на компанијата

Типтех ги собира и обработува личните податоци на клиентот со цел нивна функција во компанијата, интереси на клиентот, и потенцијал на посебна група производи од нашата понуда. Ние, исто така, внимателно ги складираме и обработуваме следните податоци поврзани со клиентот: бизнис посети на веб-страницата, повици, можности, проекти, задачи за вработени, примени мејлови, жалби, и податоци од маркетинг кампањи во кои бил вклучен клиентот. Овие податоци се снимени со цел да осигурат непречена работа на Типтех, да воспостават униформен запис на активностите поврзани со клиентот, и да дозволат прилагодување на понудата кон клиентот.

Податоци за перформанс и оптимизација на кампања

Типтех ги собира и обработува личните податоци на клиентите кои се регистрирале да примаат електронски вести за опрема за индустриска автоматика, прилагодени понуди за опрема за автоматика, и директна е-пошта за опрема за автоматика. За масовна дистрибуција на е-пошта се користат услугите на Mailchimp кои складираат: име, презиме, адреса на е-пошта, IP адреса на клиентот, и врз основа на сообраќајот на е-пошта детали за активностите поврзани со известувања преку е-пошта пратена до клиентот. Податоците се обработени од страна на Типтех со цел да го следат перформансот на нашите електронски известувања и кампањи, и да ја оптимизираат содржината на нашите идни електронски известувања, искуството на примателите на нашите известувања, и да ги прилагодат нашите понуди според содржината на нашата веб-страница.

Податоци за снимање на активноста на клиентот

Типтех ги собира и обработува личните податоци на клиентите кои биле поднесени во информативните формулари на веб-страницата. Нашите информативни формулари на веб-страницата се обезбедени преку WordPress – Contact Form 7. Доверените податоци преку информативниот формулар се споделени со WordPress. Ако Вие поднесете барање за понуда за опрема за автоматика, или за информација за цена, достапност или друга информација поврзана со понудата, тогаш Вашето барање ќе биде земено во предвид како барање за понуда и ние ќе ги складираме Вашите податоци во согласност со законодавството. Овие податоци се снимени со цел да осигурат непречена работа на Типтех, да воспостават униформен запис на активностите поврзани со клиентот, и да дозволат прилагодување на нашите понуди. Во случај кога содржината на барањето не е поврзана со понудата, Вашите податоци ќе бидат задржани 2 месеци за да ни дозволат потполно да одговориме и да ги исполниме Вашите барања.

Анонимни податоци за оптимизација на деловни одлуки

Типтех ги собира и обработува личните податоци за оптимизација на своите деловни одлуки и за статистичка обработка на податоци наменети за извештаи (единствено анонимните податоци се вклучени во извештаите). Врз основа на својот законски интерес, Типтех ги обработува личните податоци за целите на намалување на ризикот од хакерски напад на веб-страницата (преку обезбедување на информациска сигурност, намалување на ризикот од неовластен пристап до важни бизнис информации, лични податоци и информациски систем).

Согласност за обработка на лични податоци

Во одредени случаи, Типтех ги прашува своите клиенти и останати индивидуи за посебна согласност за обработка на нивните лични податоци, особено за да ги анализира нивните интереси и однесувања (т.е профил) за целите на создавање на персонализирани понуди за нашите производи и услуги кои ги исполнуваат бизнис потребите на клиентите. Обработката на податоци е, исто така, наменета за поефективно известување на клиентот и директен маркетинг, и спроведување на маркетинг истражување. Во овие случаи, обработката на лични податоци е спроведена врз основа на согласност сѐ до негово повлекување.

Податоци од посети на веб-страница

Типтех собира лични податоци за да ги сними посетите на својата веб-страница преку употреба на колачиња за идентификација со цел да ја подобри функционалноста на веб-страницата и искуството на клиентот, да ја засили сигурноста, да обезбеди непрекинато функционирање на веб-страницата и онлајн услугите, и да го следи бројот на посетители на веб-страницата и онлајн услугите. Типтех ги користи следните колачиња:

• Клучни колачиња

Тоа се веб-колачиња без кои веб-страниците или онлајн услугите нема да функционираат исправно. Колачиња се создаваат кога посетителот пополнува формулар, се регистрира, или поинаку интерактивно ја користи веб-страницата преку кликање на едноставни линкови.

• Колачиња за следење на ефективноста на веб-страницата

Тие се користат за анализа на посети на веб-страницата или онлајн услуги со цел да го подобрат искуството на клиентот. Посетителот ги прифаќа колачињата преку кликање на копче на веб-страницата или доколку продолжи со активно прелистување откако добил известување за колачиња.

• Колачиња за услуги на соработници

Тие опфаќаат колачиња за услуги на соработници како: Facebook, LinkedIn, Twitter, Google, итн. Ако клиентот одбие да ги прифати овие колачиња, тогаш тие нема да бидат активирани, но ова може да направи одредени привлечни функционалности на веб-страницата да бидат недостапни.

Овде може да дознаете повеќе за колачиња!

IV. Потенцијален податочен пренос на лични податоци до трети страни и држави

Типтех (неговите вработени) можат, со Ваша согласност и во однос на целите за обработка, да пренесат дел од Вашите лични податоци до трети страни и држави. Вакви исклучителни случаи претставуваат вистински бенефит за клиентот, како на пр. барање за гарантен налог.

Во случај на пренос на Вашите лични податоци до трети држави или организации или компании со свои седишта надвор од ЕУ, т.е во држави каде не владеат законите кои го штитат правото за заштита на лични податоци, како што е тоа случај во Европска Унија или Словенија, Типтех ќе преземе и примени соодветни мерки за заштита на Вашите лични податоци така што основните права и слободи на индивидуите ќе бидат почитувани во согласност со државните и ЕУ правила и прописи.

V. Права на индивидуи

Со поднесување на писмено барање до Типтех Д.О.О. Љубљана, ул. Ивана Роба 23, 1000 Љубљана, Словенија, или info@tipteh.si со назнака “Исполнување на правата според GDPR” индивидуата може да побара пристап, ажурирање, исправка, блокирање или ограничување на обработка на, или бришење на своите лични податоци, приговор за обработка на своите лични податоци, и пренос на истите.

Со поднесување на писмено барање до Типтех Д.О.О Љубљана, ул. Ивана Роба 23, 1000 Љубљана, Словенија, или info@tipteh.si, Вие може во секое време да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите податоци, трајно или привремено, потполно или делумно.

Секоја индивидуа има право да даде жалба до Информациски полномошник во Република Словенија, доколку истата верува дека своите лични податоци се складирани или поинаку обработени во спротивност на важечките правила и прописи за заштита на лични податоци.

VI. Период на складирање на лични податоци

Типтех ќе ги обработува личните податоци во опсег неопходен за постигнување на целите за обработка на податоци, и сѐ додека постои неопходност за остварување на поставените цели за обработка; таму каде што обработката е основана врз согласност, личните податоци ќе бидат обработувани сѐ до повлекување на согласноста.

Типтех ќе ги обработува личните податоци сѐ до остварување на целите за обработка или до лимитираните периоди поставени за исполнување на обврските кои би можело да произлезат од обработката на лични податоци, особено кога обработката на лични податоци е неопходно да спроведе или имплементира договор, со исклучок на случаи каде периодите на складирање на лични податоци се договорени по закон. Во овие последни случаи, Типтех ќе ги складира податоците во согласност со законските обврски.