EX опрема

од водечки производители

EX опремата како специјално дизајнирана и тестирана електроопрема е отпорна на експлозии, и наменета за Вашите апликации развиени на опасни локации. Оваа опрема ја исклучува можноста за експлозии поради дизајнот кој доверливо спречува контакт помеѓу експлозивна атмосфера и запаливи извори.

EX опремата гарантира безбедност за Вашите вработени, опрема, и простории во сурови средини каде што постои можност за експлозија.

Ви треба помош? Дозволете да Ви помогнеме.

Доверлива сертифицирана безбедност

ex работна средина

Електроопрема отпорна на експлозии е задолжителна опрема во опасни работни средини каде Вашите вработени се соочуваат со пожар или друга експлозивна опасност како резултат на лесно запаливи, согорливи, или тешко запаливи супстанции присутни во воздухот во доволни количини за да предизвикаат експлозија или запалива мешавина.

Европската ATEX директива пропишува минимални безбедносни барања за работно место и работна опрема во потенцијално експлозивни атмосфери. Според тие правила Вие сте задолжени при такви апликации да инсталирате специјално дизајнирана и тестирана електрична опрема отпорна на експлозии – ATEX опрема. Производите со ATEX сертификат даваат гаранција дека производот е во согласност со пропишаните барања за безбедност.

Сакате да набавите наши Ex опрема?

Гарантирана безбедност во опасни работни средини

Нашето портфолио со EX опрема вклучува богат избор на уреди и системи кои ќе достават доверливост од светска класа и безбедност во сурови, опасни, и експлозивни работни средини.

Најискусните водечки производители:

гарантираат усогласеност на нивната опрема отпорна на експлозии со соодветните регулативи, стандарди, и ATEX директива.

Изберете мудро од разни групи на EX производи

atex

Нашето EX портфолио нуди разни групи на производи за индустриска автоматика во сурови работни средини.

Групата на уреди за сигнализација отпорни на експлозија содржат аудио- и визуелна опрема отпорна на експлозија, т.е LED светилници, ксенонски светилници, хорни, и индустриски сирени погодни за Вашите апликации во атмосфери кои може да бидат потенцијално експлозивни или опасни. Оваа опрема создадена за употреба во разни работни средини како: хемиска индустрија, рафинерии и нафтени платформи, или градилиште за бродови и воздухопловни возила; има највисока механичка стабилност, не треба да се одржува, и нема делови подложни на абење.

EX бариерите за безбедност (EX засилувачи за изолација) ги штитат Вашите електрични кола со аналоген влез или излез лоцирани во потенцијално опасни зони преку специјално струјно коло кое го ограничува напонот и протокот на струја, или преку оптичка изолација.

Fieldbus производи со ATEX сертификат вклучуваат I/O модули (IP67 и IP20), и I/O системи за Вашите апликации во експлозивни зони кои Ви дозволуваат поедноставна комуникација, намалени трошоци за ожичување, и зголемена доверливост и транспарентност на Вашиот системски менаџмент во експлозивна работна средина.

Известете нè и ние ќе го најдеме соодветниот производ за Вас.

Контактирајте нè

Прочитајте ги најновите вести за EX опрема

  • Ex safety switches Steute

EX safety прекинувачи Steute

Стекнете предност со EX safety прекинувачи за сурови средини. Гарантирана доверливост и издржливост на разни екстреми: прав, експлозија, корозија, вода, температури до -60 °C...

Претплатете се на нашиот весник!

Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.