Следливост на состојба во ормар

Најновиот IMX12-CCM уред за заштита на ормари континуирано ги следи релевантните амбиентални променливи во внатрешноста на Вашиот контролен ормар кој се наоѓа во опасна зона.

Гарантирана интеграција во секој ормар

Turck го претставува својот нов IMX12-CCM (Cabinet Condition Monitoring) мултифункционален уред за заштита на ормари кој може да се инсталира и интегрира во скоро секој контролен ормар или кутија со цел континуирано следење на тековниот степен на заштита.

Овој уред кој може да се монтира на шина користи едноставен прекинувачки сигнал кој го информира контролниот систем за секое неправилно затворање на вратата или надминување на референтните вредности за температура и интерна влажност.

IMX12-CCM уред Turck заштита

Сакате да набавите наши Ex опрема?

Гарантирана безбедност во експлозивни опасни зони

IMX12-CCM Turck ATEX

Уредот IMX12-CCM со 12 mm ширина доаѓа со безбеден 2-жилен изолиран интерфејс кој овозможува да се инсталира во експлозивни опасни зони. Едноставната teach-in функција овозможува уредот да биде директно конфигуриран без потреба од компјутер или друга помошна алатка.

Стандардниот HART интерфејс има додатни опции за дијагностика, меѓу кои читање на апсолутни мерни вредности.

Контролен ормар и негова околина

Покрај интерфејс технологија, уредот за заштита на контролен ормар од Turck нуди палета на сензори кои го следат тековниот статус на неговата околина: сензор за температура, сензор за апсолутна влажност, и сензор за триангулација кој мери растојание до преграда или врата.

Со цел детекција на влажност, IMX12-CCM уредот следи историски трендови кои ги споредува со безбедна состојба. Доколку дефинираната референтна вредност е надмината, тогаш доаѓа информација до контролно ниво.

IMX12-CCM уредот е IEC-Ex и ATEX сертифициран.

IMX12-CCM следливост контролен ормар Turck

Сакате да дознаете повеќе?

IMX12-CCM cabinet condition monitoring Turck

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news