Turck сензор за проток FS+

Дали барате уникатна комбинација од доверливо и повторливо следење и на проток и на температура на течни медиуми, робусност, висока класа на заштита, и едноставна работа? Решение со IO-Link? Тогаш Turck сензорот од FS+ серијата е вистински избор за Вас!

Оптимално решение за Вашата апликација

Технологијата треба да ги олесни Вашите секојдневни задачи, и да ги направи достапни, интуитивни, и адаптабилни. Генијалниот индустриски дизајн мора и да Ве воодушеви и да Ви помогне производот да издржи сурови индустриски услови. Сè ова се карактеристики на новиот FS+  сензор за проток со IO-Link 1.1 од Turck. По години на интензивен развој, сензорот исполнува дури и најстроги барања.

Компактниот FS+ сензор за проток обезбедува доверлива и повторлива контрола на проток и на температура кај течни медиуми во Вашето производство. Лесен е за работа, а неговиот иновативен пломбирачки концепт го одржува добро заштитен од надворешни влијанија.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Брз и лесен избор на референтна точка

FS+ сензор Turck npn pnp

Брзо и лесно интегрирајте го FS+ сензорот во Вашите машини и постројки. Сензорот лесно се монтира, и автоматски може да детектира PNP/NPN сигнали.

Функцијата Quick Teach овозможува да изберете референтна точка директно на уредот за само неколку секунди.

Заштита од надворешни влијанија

Сензорот за проток FS+ работи преку 3 подлоги на допир кои не се подложни на абење. Ова овозможува доверлива навигација како и кај Вашиот паметен телефон, што ја елиминира потребата за додатни пломбирачки површини.

Неговото нерѓосувачко куќиште не е подложно на абење, и исполнува строги барања за IP66, IP67, и IP69K класа на заштита.

FS+ сензор Turck надворешни влијанија

Специјални карактеристики докажано убедливи!

FS+ сензор Turck

Лесна монтажа и конфигурација

• куќиште кое може да ротира за 340°
• модуларен механички концепт
• интегрирано мерење на температура
• доверлива teach in функција
• автоматска детекција: PNP/NPN
• поставете ја сондата како сакате

Брз процес на учење

Quick Teach FS+ сензор Turck

Quick Teach функција

Инстантно, па дури и директно на самиот уред може да изберете референтна точка преку “Quick Teach” функција. FS+ следи ефективен проток и Ве предупредува за девијации од референтна вредност избрана од Вас.

delta flow FS+ сензор Turck

Delta Flow функција

Delta flow функција гарантира дека сите teach-in функции се единствено овозможени откако протокот е константен. Вака може да бидете сигурни дека сте избрале референтна точка под точни посакувани услови. Исто така, спречува случајни или системски грешки за време на teach процес.

Работа преку награден интерфејс

  • LED индикатори за излези и активен teach режим
  • 2-колор, 11-сегментен LED
  • подлога на допир која не е подложна на абење
  • 45° инклиниран дисплеј
  • LED диоди за статус на напон, грешки, lock функција, и IO-Link
  • проѕирно, отпорно на гребнатини предно капаче
интерфејс FS+ сензор Turck
модули FS+ сензор Turck

Ново модуларно портфолио

FS+ сензорите за проток се дел од новото портфолио на Turck кои следат модуларен механички концепт. Неутралниот M18 × 1 конектор овозможува адаптација на различни процесни конектори за Вашата апликација. Плус, нашиот софистициран контролен систем за залиха гарантира најбрзо време на достава. Достапни се сонди во различни големини.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

FS+ flow sensor Turck

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news