Сензори за 3D snapshot мерења

Голем избор на сензори за 3D snapshot мерења со висок перформанс од Micro-Epsilon се наменети за автоматизирана инспекција на геометрија, форма, и површини на дифузно рефлектирачки објекти. Екстремно висока резолуција, повторливост, голем мерен опсег, и сеопфатен софтверски развој и интеграциски алатки за зголемена продуктивност!

Сензори за 3D snapshot мерења од нова генерација

Претходно, 3D слика се снимала со серија од 2D профили што значи дека требало да се чека да бидат снимени индивидуални профили пред процесирање на 3D точки. Micro-Epsilon, водечки светски производител на решенија воведе нов асортиман на сензори за 3D snapshot мерења со висока прецизност.

Овие сензори снимаат податоци со еден удар. Тие се погодни за автоматизирани мерења на квалитет на геометрија, форма, и површина на објекти.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Екстремно висока резолуција

3D snapshot сензори апликација 1

surfaceCONTROL 3D 3500 е компактен 3D snapshot сензор со екстремно висока резолуција по Z-оска (од 1.0 µm), и повторливост до 0.4 µm.

Поради високиот перформанс, сензорот е способен доверливо да детектира дури и најминимални девијации во рамнина, како на пр. разлики во висина на IC пинови на PCB плочки. Сензорот може да ја зголеми продуктивноста во соодветни апликации како резултат на голема брзина до 2.2 милиони 3D точки.

Работен принцип

surfaceCONTROL 3D 3500 сензорот работи на принцип на оптичка триангулација базирана на маргинална проекција за директни 3D мерења на компоненти. Секвенца од шаблони е проектирана на површина на таргет објект преку матричен проектор. Две камери од две страни на проектор гледаат и снимаат светлина од шаблоните. Од снимената секвенца на слики, генерирана е 3D површина на таргет објект.

Достапни се два модели на surfaceCONTROL 3D 3500, така што секој нуди различен мерен опсег и длабочина на поле. Тие се целосно интегрирани индустриски сензори со IP67 класа на заштита со пасивно ладење. Достапно е и активно ладење за повисоки температури.

3D snapshot сензори работен принцип

3D snapshot сензори за бројни апликации

3D snapshot sensors application 2

Сензорот е погоден за широк спектар на апликации:

  • 3D мерења со висока прецизност на механички парчиња
  • мерење на ширина, агол на накосување, и позиција на навртки
  • детекција на дефекти на површини
  • инспекција на рамнина на PCB плочки
  • рамнинска инспекција на PCB супстрати со мала густина
  • детекција и евалуација на прекини на спојни дискови
  • проверка на комплетираност на електронски компоненти на PCB плочки
  • 3D препознавање на текст каде 2D процесирање не е погодно поради недостаток на контраст
  • инспекција на висина и дебелина на лепила на паметни телефони
  • одредување на девијација на форма на лиена пластика

Лесна софтверска интеграција

surfaceCONTROL 3D snapshot сензор поддржува најнови GigE Vision и GenICam стандарди за лесна интеграција во друг софтвер. Клиентите може да развијат сопствен софтвер за анализа преку SDK комплет.

Системските интегратори имаат бенефит затоа што може да пристапат до сите GenICam параметри, и полесна софтверска интеграција. Во некои апликации, времето на циклус на процес може да се пресмета врз база на приказа на мерено времетраење.

3D View софтверот од Micro-Epsilon нуди и кориснички интерфејс за surfaceCONTROL сензори, што се вклучени во доставата. Софтверот овозможува брзо пуштање во работа, евалуација, конфигурација, и оптимизација на параметри, и точно позиционирање на мерен објект и сензор. Овозможува визуелизација на 3D податоци во различни формати (CSV, ASCII, PLY, STL) за понатамошна обработка.

Реални 3D податоци без загуба

3D snapshot sensor measurement reading

3DInspect софтверот од Micro-Epsilon е моќна алатка за сетирање на параметри и индустриски мерни задачи со SC3510 модел. Софтверот е вклучен во доставата. Пренесува мерни податоци од сензор преку Ethernet во 3D форма.

3DInspect мерните програми евалуираат и проценуваат 3D податоци, и по потреба ги логираат и пренесуваат преку Ethernet до контролна единица. Сензорот нуди и дополнителен дигитален I/O интерфејс. Опционални 2D/3D gateway модули нудат EtherNet/IP, PROFINET, и EtherCAT конекции за пренос на мерна вредност.

DefMap3D за анализа на површини

DefMap3D е софтверско решение за детекција и анализа на дефекти на површини. Не е вклучен во стандардната достава. Ги опфаќа сите компоненти и процеси потребни за сетирање, конфигурација, и евалуација на задачи за инспекција.

Вклучени се многу карактеристики меѓу кои мерење на мали серии, анализа на индивидуални парчиња, и роботски поддржана инспекција на повеќе мерни полиња. Пресметки на 3D точки, сензорска контрола, и детекција на дефекти може да бидат автоматизирани преку микро команди.

Неколку методи за детекција и евалуација на грешки во форма, се обезбедени од софтверот како дел од анализата на површина. Различни типови на филтри го намалуваат ефектот на површински структури (на пр.: зрнести). Се генерира извештај од резултатот. Софтверот е достапен во неколку варијанти.

3D snapshot sensor pc reading

Сакате да дознаете повеќе?

3d sensors 3Dview

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news