Ласерска инспекција на шишиња

Ласерска инспекција на шишиња е само еден од повеќе предизвици за пиварите, и индустрија за пијалоци воопшто. Доверлива инспекција во реално време на шишиња и автоматизација на процесот на рециклажа е неопходен за квалитетно производство. Автоматизацијата е овозможена со бесконтактни ласерски скенери од Micro-Epsilon од Типтех.

Доверлива детекција и кај најбрзи конвеери

Бесконтактни ласерски скенери од Micro-Epsilon се користат за брзо и доверливо препознавање дали сите пивски шишиња се присутни и точниот тип нa шише во повратни гајби. Стаклените шишиња кои се рециклираат може да се надополнуваат од 40 до 50 пати.

За гарантирано беспрекорна процедура на машината како отстранување на тапи и етикети, како и перење и надополнување, неопходно е да провери комплетно шишето и неговиот тип од вистинската гајба.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Без човечка грешка

Micro-Epsilon инспекција шишиња

Различните типови на шишиња се предизвик за пиварите и останатите производители на шишиња. Најчесто стаклото е исечено со лого на пиварата. Проценето е дека повеќе од една третина од доставените шишиња се наоѓаат во погрешна гајба.

Гајбите најчесто се рачно проверени што е напорен процес подложен на човечка грешка и скап во однос на работни часови. Гајбите се движат на конвеер со бара голема концентрација од страна на операторите.

Доколку операторот се измори, погрешен тип на шише може да помине незабележано или некои гајби може да не се исполнат.

Автоматизација со бесконтактни ласерски скенери

Во споредба со решенија базирани на традиционални системи за обработка на слика, ласерските скенери не само што следат присуство на шише туку и висина на шише. Сензорот ја користи соодветната висина на шише за да одреди дали вистинскиот тип на шише е во гајбата. Висината на шишето не смее да има девијација повеќе од 3 mm од референтната висина на соодветниот тип на шише.

PLC контролерот прима резултат од евалуацијата како »OK« или »not OK« вредност, така што секоја невалидна гајба може да биде отстранета од производната линија. Корисникот може да прати мерен резултат преку интегриран дисплеј на контролната единица.

бесконтактни ласерски скснери Micro-Epsilon

Ефикасно решение за инспекција

бесконтактни ласерски скенери Micro-Epsilon гајба

Типтех разви систем за инспекција со ласерски триангулациски сензори за брза, комплетно автоматизирана инспекција на празни шишиња. Системот веќе се користи за инспекција на вратени гајби. Системот е опремен со пет scanCONTROL 2900-50 ласерски скенери од Micro-Epsilon.

На производната линија, скенерите се поставени над гајбата која се движи на конвеер. Секој скенер мери по еден ред од шишиња во гајбата. Конвеерот може да се движи до 850 mm/s брзина.

Мерен принцип

Ласерскиот скенер scanCONTROL од Micro-Epsilon се базира на принцип на триангулација за детекција на дводимензионален профил. Емитира ласерски зрак кој е проширен во ласерска линија кој го погаѓа мерниот објект. Ласерската светлина се рефлектира од таргет површината и се проектира на високосензитивна приемна матрица на сензорот (CCD/CMOS).

Покрај податок за растојание (z-оска), контролерот мери и позиција (x-оска). Мерните вредности се излез во дводимензионален координатен систем кој е фиксен во однос на сензорот. Ако таргет објектот се движи, или сензорот поминува, тогаш може да бидат добиени 3D мерни вредности.

мерен принцип

Детали за ласерска инспекција

ласерска инспекција Micro-Epsilon

Со димензии 96 mm x 85 mm x 33 mm и интегриран контролер, scanCONTROL 2900-50 ласерскиот скенер е компактно, автоматизирано решение за инспекција на празни шишиња во пивари. Бидејќи сензорот работи на високи брзини до 2,000 профил по секунда, идеален е и за статички и за динамички процеси.

Главен предизвик се различни рефлектирачки својства на шишињата поради различни бои на стакло (најчесто зелени и кафени тонови). Плус, шишињата може да бидат со или без тапа, што може да биде детектирано со готови алгоритми.

Висока точност, брзина, и доверливост

Со симултано снимање на сите точки, сензорот може точно да ги измери и оние шишиња кои континуирано вибрираат додека се движат по конвеерот. Тие може да бидат позиционирани на големо растојание од мерниот објект и да детектираат до 1,280 мерни точки по профил.

Преку GigE Vision, податоците се евалуирани во осфтверот. Податоците може да бидат оптимизирани преку статистички методи. Така, сензорите имаат висок рејтинг за прецизност, брзина, и доверливост.

Сакате да дознаете повеќе?

laser inspection Micro-Epsilon

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news