Индустриски ласерски сензор

Моќниот optoNCDT ILR2250-100 од Micro-Epsilon Ви овозможува точни бесконтактни мерења и на растојание до 150 m, и на сложени површини.

Мерење на големо растојание со висока прецизност

Индустрискиот ласерски сензор optoNCDT ILR2250-100 од Micro Epsilon овозможува точни бесконтактни мерења на долго растојание во сложени индустриски средини. Компактен и екстремно брз сензор за лесна интеграција во разни индустриски апликации!

Ласерскиот сензор ILR2250-100 е особено погоден за OEM апликации. Може да се користи во транспорт, логистика, или автоматика. Во металургија може да го користите и за мерење на растојание од жешки и сјајни таргет објекти.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Сложени индустриски апликации

индустриски ласерски сензор OptoNCDT ILR2250

Micro-Epsilon е лидер за напредни решенија за мерење во областа на автоматика, особено за екстремно точни мерења или анализи. optoNCDT ILR2250-100 работи на принципот на мерење на фазно поместување по рефлексија.

Ви обезбедува најдобри резултати и за темни, структурирани, или слабо рефлектирачки површини. Доколку закачите рефлектор на таргет објектот, може да мерите и до 150 m растојание. Без рефлектор (огледало), може да мерите до 100 m.

Изберете меѓу различен работен режим

Индустрискиот ласерски сензор optoNCDT ILR2250-100 овозможува мерења поголеми од 0.05 m. Линеарноста за мерно растојание помеѓу 0.05 и 20 метри е ± 1 mm, со стандардна девијација од 2σ (за 95.4% од сите мерења).

Во зависност од бараната точност или тип на таргет објект, може да изберете меѓу 4 работни режими. Четвртиот режим, т.н. “Автоматски режим”, е наменет за мерење на темни, слабо рефлектирачки, и далечни таргет објекти. ILR2250 Ви овозможува мерење и кај многу сложени површини.

индустриски ласерски сензор OptoNCDT ILR2250

Карактеристики

Компактниот индустриски ласерски сензор е особено импресивен на високи брзини. Благодарение на алуминиумското куќиште и мала тежина, може лесно да се интегрира во многу индустриски апликации.

Карактеристики:

  • голем мерен опсег: до 100 m (до 150 m со рефлектор)
  • висока точност и стабилност на сигнал
  • линеарност: ± 1 mm (0.05 – 20 m, стандардна девијација 2σ)
  • резолуција: 0.1 mm
  • повторливост: <300 µm
  • аналоген излез и дигитални интерфејси (RS422 / USB)
  • компактен дизајн: само 102 mm x 53 mm и 50 mm
  • мала тежина: 254 g

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Industrial laser distance sensor OptoNCDT ILR2250 for measuring long distances

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news