Фотосензор DRT25C од Leuze

Фотосензорот DRT25C од Leuze е дифузен сензор со динамичка референца кој воведува нов принцип за детекција на објекти на пазарот во областа на оптички сензори. Доверлива детекција на сите објекти независно од формата или површината, без повторно нагодување при замена на објекти.

Детекција на сите објекти

Фотосензорот DRT 25C од Leuze промовира иновативна CAT технологија која го трансформира едноставниот дифузен сензор во високо интелигентен уред.

Може да го научите на референтна статичка или движечка површина, што овозможува доверлива детекција на скоро сите објекти – независно од форма, боја, и структура на површина. Детектирајте мазни, сјајни, или транспарентни објекти, како и објекти со отвори. Референтната површина може да биде преграда од машина, парче лим, дури и движечки конвеер со големи вибрации.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Иновативен принцип на детекција

Најчеста апликација со овој фотосензор е детекција на објекти на конвеери. Сензорот ќе детектира објекти независно од бојата на лентата, дали е влажна, нечиста, или дали вибрира. Благодарение на иновативниот принцип за перцепција на објекти, ќе може да детектирате објекти со секоја форма, димензија, и ориентација.

Сензорот глатко ќе работи и доколку детектираниот објект е светол, мазен, перфориран, структуриран, или транспарентен. Може да го монтирате сензорот на конвеер и до 200 mm растојание од лентата. Треба да се истакне дека сензорот не е наменет за синџирести конвеери.

Лесна инсталација и нагодување

Комплицирани проблеми имаат потреба од едноставни решенија. Затоа, инженерите дизајнираа едноставен DRT 25C фотосензор за едноставна употреба во Вашата апликација. Едноставна процедура:

  1. Инсталирајте го на соодветна висина. Соодветно растојание е 50-200 mm, а препорачано е 100 mm
  2. Изберете соодветно ниво на сензитивност на сензорот:
  • држете “teach” копче 2–7 s
  • изберете дали лентата е нечиста или би била нечиста. Објектот не треба да биде транспарентен, инаку нема да биде детектиран
  • држете “teach” копче 7–12 s
  • изберете за стандардни апликации. Конвеерот може да биде малку нечист
  • држете “teach” копче повеќе од 12 s
  • изберете за транспарентни или многу тенки објекти. Конвеерот не треба да биде нечист, инаку ќе има пречки при детекција.

Стекнете предност со IO-Link

Фотосензорот DRT 25C има интегрирана IO-Link комуникација. Ова овозможува едноставна поставка на параметрите преку PLC.

Вие може и да читате податоци од сензорот, и информации во реално време за состојба на излезен сигнал, температура на сензор, состојба на дополнителни функции (на пр.: следливост), и многу повеќе.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Photoelectric Leuze sensor DRT25C

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news