M12 конектори со пластична навртка

M12 конектори со пластична навртка од Escha олеснуваат комплексно конектирање благодарение на нивното колор кодирање. Нарачајте робусни и исплатливи навртки во 4 бои за сложени апликации каде улогата на доверливо колор кодирање е клучна.

Адаптабилни за сложени апликации

M12 конектори со пластични навртки од ESCHA ќе го олеснат Вашето менаџирање со комплексно конектирање. Навртките се моментално достапни во 4 бои. Поради тоа што се специјално адаптирани за сложени апликации, тие воглавно се користат во хемиска индустрија и во други корозивни средини кои се помалку или воопшто не се погодни за метални парчиња (на пр.: при користење на хемикалии во галвански постројки, хлор во водоводни системи, итн.). Во овие апликации, но и во многу други, важно е колор кодирањето.

Пластичните навртки ESCHA се неверојатно робусни, и имаат одлучувачка предност во однос на навртки од нерѓосувачки челик. Благодарение на нивниот уникатен дизајн, може да ги стегнете со рака или со вртлив клуч. IP67 и IP68 пластичните навртки се усогласени со IEC 61076-2-101 стандард.

M12 конектори со пластични навртки Escha

Сакате да набавите наши Други уреди за автоматика?

Олеснета брза алокација или дистинкција

M12 конектори Escha црни сиви црвени сини пластични навртки

Достапни се црни, сиви, црвени, и сини колор кодирани пластични навртки на M12 конектори. Благодарение на различни бои, Вие може лесно да ги обележите конекторите за брза алокација или дистинкција, и превенција на грешки при инсталација и одржување.

За апликации со сензори, достапни се неколку варијанти на пинови (3-, 4-, 4 + PE-, 5-, 8-, 12-пински) со сите стандардни комбинации на M12 конектори, неколку варијанти на PVC и PUR кабли, вклучувајќи и кабли за роботика.

Бенефити со Escha пластични навртки

  • Благодарение на висококвалитетна пластика, тие се отпорни на медиуми и температура
  • Оптимални за примена во алатница за возила, и средини со присутна вода, кал, или масло
  • Погодни за средини со екстремни температури: од -30 °C до +90 °C
  • Лесно се чистат и одржуваат
  • UV стабилизатори превенираат оформување на порозни или рапави површини
M12 конектори Escha, отпорни

Сакате да дознаете повеќе?

M12 connectors with plastic locking nut Escha

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news