Потпорни раце и контролни панели

Потпорни раце и контролни панели од Teknokol сега достапни и во Типтех.

Потпорни раце – потпора за Вашите системи

Потпорни раце и контролни панели од Teknokol сега достапни и во Типтех. Новата линија на производи се истакнува со врвен квалитет, модерен и ергономски дизајн. Овие карактеристики гарантираат висока безбедност и едноставна употреба.

Секој систем е изграден од модуларни компоненти, што овозможува конкретна системска конфигурација за секоја апликација. Сите панел компјутери од Axiomtek се компатибилни со опремата од Teknokol.

потпорни раце контролни панели Teknokol

Сакате да набавите наши Други уреди за автоматика?

Изберете меѓу различни опции за монтажа

Потпорните раце се погодни за секој вид на товар и должина на лост. Преку голем избор на фиксни и ротациони спојки, може да адаптирате конфигурации според потребите на Вашата апликација.

Модуларни решенија се компатибилни со сите системи, user-friendly поради ергономскиот дизајн, и доверливи поради врвниот квалитет.

  • дизајнирани за потежок товар
  • идеални за апликации со подолги лостови
  • модуларна структура и модерен дизајн
  • голем избор на модуларни компоненти за разни конфигурации
  • капацитет на товар до 120kg for 1m должина на профил
  • IP65 класа на заштита
  • инсталација на кабли во профили
  • лесно склопување
  • VESA стандард за лесна инсталација на индустриски панел компјутери

Лесно ракување со машини

Контролните панели се интегрален дел на машините и автоматизираните производни линии. Вообичаено, тие се интерфејс меѓу човекот и машината. Ергономските системи го олеснуваат ракувањето на операторите и гарантираат максимална безбедност на работно место.

Со IP65 класа на заштита, ормарот ја штити контролната електроника од надворешни влијанија и неовалстени интерференции.

  • ергономски и модуларен дизајн
  • експанзиона длабочина на панел
  • лесна, но цврста структура
  • IP65 класа на заштита, и заштита од манипулација
  • опција за држач за тастатура
  • држачот за тастатура може да се движи и брзо нагодува според положбата на корисникот, или да се фиксира под ергономски агол

Спојни кули

спојни кули Teknokol

Спојните кули се решение таму каде потпорните раце не се погодни. Кулите се достапни од 2 до 3 m висина со профили со димензии 150x150mm или 200x200mm. Може да ги скриете каблите во профилите, што овозможува средена и безбедна средина.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Support Arm Systems and Control Panels Teknokol

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news