Интелигентна IoT платформа за едноставен менаџмент на IIoT уреди

AMS (Agent MaaS Suite) од Axiomtek е интелигентен софтвер за менаџмент на уреди кој доаѓа во пакет со визуелизација на податоци и функционалност за cloud конекција. Неговиот дизајн Ви помага да го намалите поминатото време за развој и труд за IIoT проекти. Преку AMS, Вие може ефикасно да менаџирате и управувате задачи од различни класи, како на пр.: комуникациски протокол, прибирање и обработка на податоци, пренос на податоци, и приказ на информации.

Интелигентен менаџмент и контрола

IoT платформата Agent MaaS Suite (AMS) од светски признаениот производител Axiomtek е решение за растечката присутност на IoT концептот во разни индустриски апликации.

И верзијата на IoT концепт во индустрија – зема залет. IIoT е платформа преку која уредите кои се конектирани во мрежа и кои користат заеднички комуникациски протоколи, комуницираат еден со друг.

Сакате да набавите наши опрема?

Брз пренос на податоци

Axiomtek AMS IoT платформи

Основни технологии кои поддржуваат IIoT се Cloud услуга, Edge Computing, и Вештачка Интелигенција (AI). Најголем пробив во IIoT ќе има петтата генерација на мобилна технологија (5G), каде брзината и особено времињата на пристап ќе овозможат доволно брза комуникација.

Тука Axiomtek AMS софтверското решение или IoT платформа влегува во игра.

Едноставен менаџмент на IoT уреди

Agent MaaS Suite (AMS) IoT платформата е дизајнирана за менаџмент и контрола на IIoT уреди преку Axiomtek индустриски компјутери. Тоа вклучува AMS.AXView клиент и AMS.Maas сервер.

Високо интегрираниот индустриски IIoT систем за менаџмент на уреди содржи широк спектар на стандардни комуникациски протоколи, и овозможува контрола, конфигурација, и известувања за настани во системот.

Axiomtek AMS IoT платформа клиент сервер

Едноставни чекори за развој на проект

Axiomtek AMS IoT апликација

Платформата вклучува развојна алатка Node-RED за визуелно програмирање – во популарниот JavaScript програмски јазик. Ние може да креираме проект во 4 едноставни чекори (plug, play, configure, & play).

AMS платформата е погодна за SI, OT, IT професионалци и секој друг кој треба едноставно да креира POC платформа. AMS е и online услуга, така што корисниците може да ги менаџираат своите уреди и системи во секое време од секое место преку Internet и веб-прелистувач.

Карактеристики на IoT платформата

  • Системска контрола и конфигурација на сите уреди преку веб-прелистувач
  • 24/7 online надзор и визуелизација на податоци на контролен панел
  • Известувања за аларми и настани преку e-пошта, со тригерирање на дигитален излез преку MQTT или социјални мрежи
  • Поддржува Modbus, MQTT, REST, WebSocket, HTTP, и TCP / UDP
  • Node-Red развојна околина за визуелно програмирање базирано на опис на податочен проток
  • Програмирање без напредни програмерски вештини (базирано на проток)
  • Контролен панел со вградени компоненти за едноставно креирање
Axiomtek AMS IoT карактеристики

Конектирајте 2 некомпатибилни мрежни протоколи

Axiomtek AMS IoT платформа

AMS.AXView е клиент инсталиран во Linux околина на селектиран хардвер кој има улога на Edge Gateway. “Gateway” е уред-јазол за конекција на 2 некомпатибилни мрежни протоколи.

Конекцијата е овозможена од вградливи комуникациски конвертори за различни протоколи кои се дефинирани од најмалку 4 горни нивоа од ISO/OSI модел. Gateway уредот има и функција да обработи голема количина на чисти податоци, и да испрати филтрирана информација до cloud за понатамошна анализа.

Концептот за обработка на податоци близу изворот (сензор, машина, …) ја намалува количината на пренесен податок до cloud, што го зголемува времето за одѕив и мрежното оптоварување.

AMS.AXView поддржува plug-in комуникациски протоколи како MQTT, Socket, WebSocket, HTTP, и TCP / UDP. Ви овозможува да менаџирате конектирани уреди преку сериски или LAN порт.

Платформата интегрира Node-RED, open source алатка за визуелизација која им дозволува на корисниците брза и едноставна обработка на податоци и нивна визуелизација. Преку вградени plugins, Node-RED содржи многу шаблони за читање и обработка на податоци од различни извори за различни апликации.

Gateway уредот е лоциран на работ од мрежата (Edge Gateway) близу сензори, машини, или други извори на податоци, и служи како мост кој спојува конектирани уреди во локална мрежа со податочен центар на далечински сервер (cloud).

Сите податоци кои патуваат до cloud или друга мрежа прво комуницираат со gateway уредот – тој собира и преведува податочни сигнали од уреди така што претставува интерфејс за комуникација меѓу различни системи.

Далечински клиенти и системи

AMS.MaaS е сервер кој служи како алатка за собирање и менаџирање на далечински клиенти и системи. Поддржува карактеристики кои им помагаат на администраторите да најдат, идентификуваат, и менаџираат системи, и да обезбедат преглед на податоци.

Основна вредност на IIoT е прибирање на податоци преку кои компаниите идентификуваат конкретни проблеми и формулираат планови за елиминација на проблеми и подобрување на процеси. Без разлика дали е оптимизација на производен процес, зголемување на продуктивност, или намалување на трошоци и ризици. Во овој контекст, MaaS собира податоци од различни извори, и користи анализа за преземање и приказ на релевантни информации.

Axiomtek AMS IoT платформа

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news