Потпорни раце и контролни панели

Заштитете ги Вашите индустриски компјутери и HMI интерфејси од сурови услови и неовластен пристап, преку потпорни раце, контролни панели, држачи, работни станици… од светски признаениот производител Teknokol.

Иновативни производи

Teknokol е светски лидер неуморно посветен на истражување, развој, и производство на серија иновативни и квалитетни производи меѓу кои потпорни раце и контролни панели.

Нивните производи имаат највисоко ниво на квалитет и модерен ергономичен дизајн кој исполнува највисоки стандарди за безбедност.

Сакате да набавите наши Други уреди за автоматика?

Изберете совршено решение

потпорни раце контролни панели Teknokol

Дополнително, нивната модуларна структура и голем избор на модуларни компоненти овозможува склопување на различни конфигурации адаптирани на потребите на Вашата апликација.

Или изберете ергономски држачи и работни станици како најдобри производи за инсталација на индустриска електронска опрема.

Модуларен дизајн

Потпорните раце се погодни за лесни или тешки оптоварувања, и за должина до 3 метри. Модуларниот дизајн е компатибилен со сите системи – преку фиксни или ротациони спојки може да склопите решенија според Вашите потреби.

Ергономски дизајн и врвен квалитет гарантираат комфорност, доверливост, и долг работен век. Со VESA модулот може да го монтирате Вашиот индустриски компјутер на потпорна рака. Сите Axiomtek панел компјутери се погодни за монтажа на Teknokol опрема.

високи стандарди Teknokol

Лесно или тешко оптоварување

  • Дизајниран за потешко оптоварување
  • Идеален за долгорочни апликации
  • Модуларна структура и модерен дизајн
  • Различни конфигурации
  • Капацитет до 120 kg за 1 m должина на профил
  • До 1800 N статички товар
  • IP65 класа на заштита
  • Инсталација на кабли во профилот
  • Лесно склопување

Полесна работа за Вашите оператори

Контролните панели се неопходна компонента на машините и автоматизираните производни линии. Ергономскиот дизајн овозможува полесна работа и поголема безбедност за Вашите оператори.

Панелите имаат IP65 класа на заштита од сурови работни средини. Системот за заклучување спречува неовластен пристап.

  • Ергономски и модуларен дизајн
  • Експанзиона длабочина на панел
  • Лесна и цврста структура
  • IP65 класа на заштита
  • Спречува неовластен пристап
  • Опции за тастатура: подвижен држач за тастатура кој може брзо да биде нагоден, или фиксен држач монтиран под ергономски агол
потпорни раце контролни панели Teknokol

Скриени кабли во спојни кули

спојни кули Teknokol

Инсталирајте спојни кули таму каде што потпорните раце не може да бидат инсталирани. Кулите се 2-3 m високи со 150×150 или 200×200 mm профили во кои може да ги скриете каблите. Обезбедувате чиста и безбедна работна средина.

Компонентите се модуларни кои овозможуваат конфигурација според Вашите потреби. Преградите ја штитат Вашата електроника од манипулации и контаминација од сурови средини. Лесно се одржува.

Сакате да дознаете повеќе?

Support Arm Systems and Control Panels by Teknokol

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news