Податоци и напојување во еден кабел
EtherCAT-P конектори од Escha поддржуваат заеднички пренос на податоци и напојување преку компактен интерфејс. Стекнете предност со исплатливо и компактно ожичување, но и помал системски буџет.
Развој на EtherCAT апликации
P-кодирани 4-жилни кабли и интерфејси поддржуваат пренос преку индустриски докажан и компактен M8x1-интерфејс.
Сите нови компоненти имаат доверливо 360°-оклопување усогласено со IEC 61076-2-114 стандард. Типичен EtherCat-P црно-црвен кабел со UL-одобрение е адаптиран за апликации без проблеми на пазарот во Северна Америка.
Исплатливо и компактно ожичување
EtherCAT-P е екстензија на EtherCAT технологија која поддржува употреба на 4-жилни стандардни кабли не само за пренос на податоци туку и за напојување кои водат кон исплатливо и компактно ожичување, како и низок системски буџет. P-кодирани кабли не дозволуваат случајни конекција на стандардни EtherCAT slave уреди.
Со цел висока достапност и перформанс, Escha става фокус на детали низ цел процес на развој, како на пр.: концепт на 360°-оклопување, и жичана конекција.
Цела EtherCAT-P програма
Escha Ви нуди сеопфатна EtherCAT-P програма која содржи кабли за конекција и спојки достапни во права или аголна варијанта, и машка и женска варијанта. Сите компоненти се адаптирани за пренос со 4 A по конкурентен Fast-Ethernet пренос до 100 Mbit/s. Црно-црвениот кабел е достапен и како AWG22- и AWG24- варијанта.
За сите стандардни EtherCAT апликации, тие нудат A-кодирани 4-жилни M8x1 конектори, D-кодирани 4-жилни M12x1 конектори, како и RJ45 конектори.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!