excom: I/O решение за сите Ex зони

Надградете ги Вашите процеси за дигитална ера. Направете го Вашиот производен систем поефикасен, идентификувајте критични точки, и предвидете дефекти пред да се случат. Со GEN-3G Ethernet gateway уредот од Turck, може да праќате информации и метаподатоци од процесот до IT системи. Таму, интелигентни алгоритми кои следат услови ги трансформираат овие податоци во знаење кои Ви помага Вам и на Вашата фабрика.

Дигитална оптимизација на процеси во опасни зони

Сè досега, податоците беа дистрибуирани низ многу уреди на терен. Turck го поплочува патот за евалуација на овие податоци со неговиот високо достапен I/O систем – excom. Неговиот GEN-3G Ethernet gateway уред обезбедува интерфејс за паралелен податочен пристап.

Може да праќате информации и метаподатоци од процесот до IT системи. Таму, интелигентни алгоритми кои следат услови ги трансформираат овие податоци во знаење кои Ви помага Вам и на Вашата фабрика.

excom: I/O решение Ex зони

Сакате да набавите наши Ex опрема?

Податочен пристап отпорен на манипулација

excom: I/O решение Turck комуникација

excom Ethernet gateway уред одобрен за инсталација во Ex зона 2 или во безбедна зона. Пренесува податоци до контролниот систем преку мултипротоколарен Ethernet (PROFINET, EtherNet/IP, Modbus TCP). Покрај овие кориснички податоци може да бидат преземени анализирани податоци од gateway уредот преку соодветни мрежни учесници и пренесени до надворешни IT системи.

Истовремено се извршуваат преку иста мрежа. IT системот за анализа на податоци има дозвола само за читање. Ова спречува манипулација на процесот или контролниот систем. Системите за анализа на податоци може да бидат реализирани на страна без надворешна мрежна конекција или cloud системи.

Импресивни карактеристики

excom овозможува беспрекорна интеграција во светски најважните системи за контрола на процеси

Преку Ethernet или fieldbus конекција: excom системот е транспарентен за целосна функционалност на контролни системи од Rockwell, Emerson, Honeywell, Siemens, ABB, Yokogawa, или Supcon. Благодарение на детални прирачници за интеграција и светска поддршка, интеграцијата со DCS/PLC е едноставна и без грешка.

Без повторни одобренија, ниту за екстензии

Целиот систем е одобрен за соодветните Ex зони. Корисници може флексибилно да разменат или надополнат gateway уреди или I/O картички. Операторите може сами да ја изнесат неопходната евалуација за температура во куќиштето без надворешна тест страна.

excom системите се инсталирани и ожичени за Вас во контролниот ормар или индивидуално куќиште, имајќи ги во предвид конкретните барања. Индивидуални терминали, конектори, и други компоненти може директно да се инсталираат. Во зависност од проектот, (FAT) тест може директно да се изведе од Turck. Бенефити: единствен партнер за I/O систем по принципот клуч-на-рака.

Дупло значи посилно – особено во процесна индустрија

excom поддржува Profinet S2 редундантност и прстенеста топологија. Дури и за Ethernet протоколи кои природно немаат редундантна спецификација, excom користи сопствена спецификација за да воспостави системска редундантност, gateway редундантност, или нивна комбинација. Ова овозможува максимална достапност за сите системи – без разлика дали системот поддржува концепт на редундантност.

excom поддржува и hot swapping, т.е. замена на сите компоненти и модули во текот на работа.

Неспоредливо: 960 сигнали во единечен стандарден контролен ормар

excom густината од 960 сигнали во 5 модули во стандарден контролен ормар е неспоредлива во светот. Ex изолацијата е веќе интегрирана во I/O систем. Контролните ормари за интерфејс технологија се комплетно непотребни како и I/O картичките во контролниот систем. Оваа просторна предност може да биде одлучувачка. excom може да конектира до 192 бинарни или 96 аналогни сигнали преку единствена IP адреса.

Достапни се до три групи по 8, 16 и 24 модули.

excom: I/O решение Turck карактеристики

Максимална достапност, апсолутна сигурност

excom: I/O решение Turck, шема

Графикот покажува разни сценарија на инсталација за excom со Ethernet. Комбинација на разни концепти ја зголемува достапноста на фабриката. Преку cloud протоколи Kolibri, OPC-UA или MQTT може да се конектирате до мобилни уреди.

Благодарение на паралелен податочен пристап, процесните податоци може да се издвојат од анализирани податоци. Од аспект на безбедност, архитектурата нуди повеќе предности: во однос на следење и оптимизација (M+O), фабриката има кус циклус на иновација во IT светот, и може да се потпре на безбедност и доверливост на OT.

Паралелен податочен пристап – подготвени за иднина

Паралелниот податочен пристап го воведува IIoT во светот на процесите. Податоците се пренасочени во паралелна IT структура под ниво на контролниот систем. Ова значи дека контролниот систем за процеси останува недопрен.

Освен во контролни и ERP системи, овие податоци може да се користат за вредни пронаоѓања во однос на ефикасност на компоненти и веројатност на грешка. На пример, ако времето за конекција на вентил се зголеми, може да укажува на корозија или депозити. Резултатите од овие анализи се праќаат до процесите на ниво на оперативен менаџмент за оптимални циклуси.

excom: I/O решение Turck, пирамида

Сакате да дознаете повеќе?

excom: The I/O solution Turck

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news