IoT уреди

од признати производители

IoT уредите користат вештачка интелигенција (AI) и машинско учење за да Ви помогнат да внесете интелигентност и автономија во Вашите системи и процеси. Тие дозволуваат нови можности, предвидливи и оперативни капацитети, подобар надзор, поголем степен на дијалог со клиентот, фино нагодување на Вашите услуги, и подобра оперативна ефикасност. Тие отвораат широк простор за апликации, како: автономни возила, паметно индустриско производство…

Ви треба помош? Дозволете да Ви помогнеме.

Интелигентен развој и автономни процеси

Потпрете се на нашето богато портфолио на производи за да стекнете релевантни увиди водени од податоци со цел оптимална работа на Вашиот бизнис, и зголемена продуктивност со намален ризик и трошоци. Вие може да пронајдете производи од:

Сакате да набавите наши опрема?

Интегрирајте IoT платформи

Интегрирајте IoT платформи во Вашите процеси и зголемете ја додадената вредност на Вашите апликации.

IoT и IIoT платформите за контрола на IoT проекти и уреди се специјални софтверски алатки посветени на забрзана IoT распространетост, и на поедноставен менаџмент на уреди. Овие повеќеслојни водечки технологии Ви овозможуваат директнa достапност, менаџмент, и автоматизација на конектирани уреди во IoT сферата. Тие ќе Ви помогнат да поттикнете ефикасност, продуктивност, безбедност на вработените, и многу повеќе од тоа.

IIoT gateways со сертификат за безбедност, ќе Ви овозможат и индустриски далечински пристап и собирање на податоци од машини во единствена единица. Тие транспарентно ќе Ве конектираат со машините ширум светот, и конкурентно ќе го олеснат континуираното собирање на податоци од машини за понатамошна превентивна и предвидлива анализа. Сите Ваши задачи за далечинско одржување ќе бидат покриени во еден единствен уред кој е достапен како робусен индустриски уред со повеќе опции за конекција, или како софтвер.

AIoT серверите имаат сертификати за највисоки светски стандарди за сајбер безбедност и според IT барања и според политика на едно претпријатие. Тие се Ваша централна drag’n’drop алатка за беспрекорен менаџмент на корисници и уреди, притоа обезбедувајќи сигурен далечински пристап до Вашиoт PLC, HMI, и друга опрема. Со AIoT серверите, Вие организирате кориснички сметки и индивидуален пристап, менаџирате уреди, конфигурирате аларми, и многу повеќе. Овој начин на контрола овозможува полесно да се спроведе одржувањето во Вашиот објект. Всушност, сите уреди и далечински корисници се дефинирани во Серверот, така што нема потреба вработените да ги запаметат поставките за далечинска конекција на секој уред посебно.

Со мултипротоколарниот Edge контролер добивате децентрализирана интелигенција за контрола, и cloud преноси директно на машината.

HMI оперативните уреди и Edge контролери ќе Ви овозможат брза интеграција и висока флексибилност благодарение на комуникација преку повеќе од 200 протоколи и бројни master/slave функции.

Известете нè и ние ќе го најдеме соодветниот производ за Вас.

Контактирајте нè

Бенефити со cloud решенија и услуги

Користете cloud решенија и овозможете флексибилен податочен пристап до податоци и пресметувачка моќност. Податоците се складирани на сервери, така што Вие може да пристапите до информации од веб-достапни уреди независно од Вашата локација.

Cloud решенијата Ви нудат соодветни хардверски и скалабилни софтверски решенија со различни податочни hosting модели за Вашата апликација. Како додаток на уредите со автоматска вградена cloud конекција, Вие имате избор помеѓу IP20 Edge уреди за инсталација во контролен ормар, или IP67 варијанти за директна монтажа на машината. Edge gateways уредите Ви нудат флексибилна конекција од секаде независно од постоечката интернет конекција.

Достапни Ви се cloud услуги конкретно дизајнирани да одговарат на типични барања за собирање на податоци од машинските инженери и производителите на машини. Тие ќе обезбедат Вашите собрани податоци од машината да генерираат значајна вредност за Вашата организација преку зголемена продуктивност и квалитет, а Вашата избрана cloud платформа може да биде скалирана за поддршка на Вашите идни барања.

RFID УВФ читачот со cloud gateway има можност за флексибилна експанзија преку надворешни УВФ RFID антени, и капацитет за IIoT решенија благодарение на OPC UA серверот базиран на Codesys.

AR носливите уреди ја оживуваат зголемената реалност. AR паметните очила користат технологија која го интегрира она што го гледате во реалниот свет со виртуелна информација која вообичаено е поставена преку една од двете леќи на очилата. Тие Ви обезбедуваат да го исполните тоа што зголемената реалност го ветува: безрачна конекција на дигиталниот со реалниот свет, пристап како никогаш претходно до информација во реално време зависно од локација, собирање на податоци, далечинска поддршка преку аудио и видео комуникација, итн.

Известете нè и ние ќе го најдеме соодветниот производ за Вас.

Контактирајте нè

Прочитајте ги најновите вести за IoT уреди

  • Vuzix M4000 Smart Glasses

Vuzix паметни очила M4000

Доживејте револуционерен начин на приказ на слика на транспарентен дисплеј со паметните очила од Vuzix M-серии. Долговечни решенија.

Претплатете се на нашиот весник!

Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.