TeamViewer Frontline
создава револуција во секојдневната работа на вработениoт во движење слично како што Microsoft Office создаде за канцелариските вработени.
Преку светски пионерски комплетно интегрирани пакет решенија за вработени од првите редови, TeamViewer Frontline Ви помага да создадете вистински поврзана работна сила која е попродуктивна и позадоволна.
Опремете ги Вашите вработени со индустриски AR решенија
Понудата на TeamViewer Frontline содржи разновидна AR опрема за индустриска автоматика:
xPick – визуелна селекција за магацини и логистика
xMake – визуелни инструкции за производство
xInspect – AR решение за инспекција и одржување
xAssist – AR далечинска поддршка
Frontline Creator – графичка софтверска алатка за AR апликации
Frontline Command Center – веб базирана административна алатка
Frontline Workplace – софтвер за wearable уреди
Поголема додадена вредност со Frontline
Визијата на TeamViewer Frontline е дигитална трансформација и развој во светот на вработените преку AR решенија и wearable уреди, т.е. зголемена интелигенција (Augmented Intelligence) во индустријата.
Со нивните решенија Вие ќе ги опремите Вашите вработени, ќе ги поддржите подобро и поергономично да ги извршуваат нивните задачи, и ќе ја зголемите нивната додадена вредност во индустриските работни процеси.
Клучни бенефити од Frontline решенија
Намалени грешки, зголемен перформанс!
Frontline пакетот производи е сличен на кутија со алатки за Вашите вработени во движење: ќе помогне за нивните задачи преку визуелизација на конкретни инструкции и информации на нивните паметни очила, и ќе ја зголеми нивната продуктивност.
Истовремено, AR решенијата Ви овозможуваат да го менаџирате работниот тек на Вашите вработени, и да комуницирате со нив. Намалете ги стапките на грешка во логистика, поттикнете квалитет во производство и склопување, намалете ги поплаките, и одржувајте ја среќата на Вашите клиенти!
Прочитајте ги најновите вести од TeamViewer Frontline
AR решенија за мобилни вработени
Дигитализирајте процеси за вработени со AR-овозможени решенија и носливи уреди. Оптимални и ефикасни процеси!
Vuzix паметни очила M4000
Доживејте револуционерен начин на приказ на слика на транспарентен дисплеј со паметните очила од Vuzix M-серии. Долговечни решенија.
Зголемена реалност со TeamViewer Frontline
Зголемена реалност во комбинација со носливи уреди ќе го поедностави и подобри перформансот на Вашите апликации преку компјутерска поддршка.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.