Unitronics PLC во словенечки медицински респиратор

Поради светската криза предизвикана од COVID-19 вирусот, партнерите во проектот за развој на словенечки медицински респиратор “DIHAM” ги здружија силите и за кусо време развија прототип на респиратор за спасување на животи. Тие развија медицински респиратор кој има капацитет комплетно да се произведува во Словенија со словенечко знаење и компоненти. Помеѓу другото, тие користеа наш Unitronics Unistream PLC контролер во респираторот.

Принцип на работа на DIHAM респиратор

Ние со почит известуваме дека следните компании: Domel , Lotrič Meroslovje , Zavod 404 , Tehnološki park Ljubljana , EKWB, и BPMC учествуваа во проектот. Првите четири компании се и наши ценети партнери. За опис на принципот на работа на DIHAM респираторот, најдобро е да ги цитираме производителите.

Се работи за т.н респиратор со притисок на турбина (без уред за надувување), наменет за најкритични пациенти со значително оштетени бели дробови кои не можат повеќе самостојно да дишат и кои имаат потреба од соодветна медицинска доза на мешавина од воздух и кислород. Уредот е дизајниран за да може да работи во стандардна болница, но и во мобилна болница па дури и самостојно.

Јадрото на уредот е турбина, а уредот независно има сопствен извор на притисок и проток на воздух, што значи дека нема потреба од компресиран воздух. Уредот е независен од други извори доколку биде снабден со напојување и кислород кој може да биде централен или од боца со кислород. Регулацијата на уредот дозволува нагодување според состојбата на пациентот и инструкции од медицинскиот персонал. ИЗВОР

DIHAM респиратор

Сакате да набавите наши PLC опрема?

3 различни работни режими

  1. Првиот метод е “Дупли притисок или BIPAP”. Во овој режим, уредот ‘дише’ наместо пациентот кога тој е несвесен или во кома
  2. “CPAP”, во овој режим уредот чека здив од пациентот преку маска или туба, т.е. т.н “тригер” или тригерирачки сигнал. Пациентот е свесен и самостојно дише со помош од респираторот. Стапката на респираторот е диктирана од пациентот
  3. Последен режим е “Висок проток”. Протокот на воздух збогатен со кислород патува низ тубата до носот на пациентот, така што го снабдува пациентот со доволен проток и кислород додека независно дише.

Сакате да заштедите време за развој?

Unitronics PLC

PLC контролер за контрола и следење на респиратор

DIHAM респиратор Unitronics PLC

Дисплејот на контролерот е дизајниран за точно и далечинско следење на статусот на пациентот, така што го намалува ризикот за зараза на Вашиот персонал.

Екранот на допир функционира и со заштитни ракавици

Далечински пристап до дисплејот на Unistream контролерот, од Вашиот мобилен уред.

Вградениот алармен систем Ви дозволува да поставите аларми и да испратите известување за аларм до мобилниот уред на вработените

Може да се менаџира пристапот за вработени на едноставен начин преку неколку нивоа (медицинска сестра, терапевт, и доктор)

Можна интеграција со било кој друг респиратор (CPR)

Бесплатниот програмабилен UniStream контролер овозможува

  • Стапка на респиратор
  • Сооднос помеѓу вдишување и издишување
  • Притисок на довод
  • Одржување на PEEP, ниво на кислород

Бидете предупредени за аларми, и соодветно одговорете или директно преку дисплеј или далечински преку мобилен уред

  • Притисок
  • Волумен на бели дробови
  • Притисок на крај на издишување
Unitronics PLC дисплеј

Погледнете го генералниот функционален дизајн

DIHAM респиратор - генерален функционален дизајн

Сакате да дознаете повеќе?

Unitronics one solution family

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news