I/O модули за ефикасна контрола на производна линија

TBEN-L I/O модулите од Turck ќе Ве убедат со нивната мултипротоколарна поддршка која ќе Ви помогне да воспоставите комуникација во EtherNet/IP, Modbus TCP, и Profinet мрежа. I/O модулите може да се користат и како протоколарни конвертори за да воспостават комуникација помеѓу производни линии со различни комуникациски стандарди. Модулите Ви нудат и двонасочен проток на податоци кој ја олеснува комуникацијата помеѓу master контролери. Така лесно може да снимите податоци од цела линија за ефективен менаџмент на цел процес.

Автоматизација со робусни IP67 I/O модули

Turck Ви нуди робусни модели на TBEN-L модули за најсурови работни средини. I/O модулите имаат дополнително армирано фибероптичко куќиште отпорно на вибрации и шок. Електрониката во модулот е комплетно затворена што овозможува IP67 класа на заштита.

Благодарение на високата класа на заштита, Вие може да ги интегрирате I/O модулите директно на Вашата производна линија. Отпорноста на високи температури овозможува да ги користите во апликации со температурен опсег помеѓу -40 °C и +70 °C. Овие температури предизвикуваат проблеми за најголем број конкурентни I/O модули.

Сакате да набавите наши Контролери?

Скалирана функционалност

Вие може да додадете и разни логички функции за да ги интегрирате модулите на линијата како самостојни FLC контролери. Логичките функции вклучуваат аритметички, временски, и бинарни функции.

TBEN-L модулите поддржуваат и ARGEE online софтверска околина преку која можете далечински да го напишете, извршите, симулирате, тестирате, и контролирате програмскиот код на модулот.

Импресивни карактеристики

  • Квалитетно куќиште – отпорно на вибрации и деформитети
  • Високи класи на заштита: IP65/IP67/IP69K
  • Широк опсег на работна температура: од -40 °C до +70 °C
  • Мултипротоколарна Ethernet поддршка: TCP, EtherNet/IP, и PROFINET
  • Поддршка за ARGEE веб софтверска околина
  • Опција како самостоен FLC контролер

Лесна инсталација

Мултипротоколарен I/O модули Turck
  • Лесна инсталација и конфигурација
  • Објавени податоци на веб-сервер за додатна дијагностика
  • Автоматско препознавање на комуникациски протокол
  • Поддржани протоколарни функции: PROFINET: Fast Start-Up (FSU), EtherNet/IP: QuickConnect (QC), PROFINET: Media Redundancy (MRP) EtherNet/IP: Device Level Ring (DLR)
  • Излези до 2 A (и генерички I/O)
  • Подобар концепт за заземјување

Други предности

Заштедете трошоци за складирање, намалете време за имплементација, скратете време за пуштање во работа. Сето тоа благодарение на униформна конекција на уреди до I/O модулот базиран на стандарден 3-пински кабел.

I/O модулот Ви дозволува да ја конфигурирате Вашата машина во секое време. Доколку процесот треба да се промени, заменете ги уредите конектирани на модулот и додека машините работат. Тоа овозможува поголема флексибилност за Вашата производна линија.

Преку I/O модулот, Вие секогаш ќе бидете информирани за состојбата на машината. Вие ќе бидете информирани и за грешки при дијагностика. Така Вие навремено може да преземете соодветни мерки преку превентивно одржување.

TBEN-L I/O модул Turck

Сакате да дознаете повеќе?

IP67 I/O modules Turck

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news