Систем за мерење на дебелина

ThicknessGAUGE мерниот систем од Micro-Epsilon се користи за прецизно inline мерење на дебелина, и за контрола на квалитет на различни материјали и површини, па дури и сложени. Висока ± 0.25 μm точност на мерења, и мерење и до 25 mm дебелина. Избегнете го трудот за да склопите систем од повеќе сензори, и искористете го овој веќе склопен мерен систем. Погоден и за производство и за лабораторија.

Неспоредлив сооднос цена/перформанс

Micro-Epsilon Ви го нуди својот мерен систем systemGAUGE, високопрецизен систем за бесконтактно мерење на дебелина на материјали. Овој потполно склопен компактен систем се користи за мерење и до 25 mm дебелина, со висока ± 0.25 μm точност на мерења.

И во производство и во лабораторија, имајте ги следните бенефити:

  • погодност за различни типови на материјали и површини благодарение на различни мерни технологии
  • интегриран моќен софтвер за анализа и контрола
  • автоматска калибрација

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

thicknessGAUGE, без изненадни скриени трошоци

thicknessGAUGE мерење дебелина Micro-Epsilon

Кога пробувате да склопите мерен систем од индивидуални сензори, тешко е да постигнете и оптимални механички поставки, калибрација, и функционалност. За елиминација на недостатоци од незадоволително решение, Ве очекуваат додатни скриени трошоци.

Покрај заштеда на пари, потполно склопениот мерен систем thicknessGAUGE ќе Ви заштеди и време и грижи. Со мерниот систем thicknessGAUGE, Micro-Epsilon ги пополни празнините меѓу своите поедноставни решенија, како на пр. thicknessSENSOR, и посложени поскапи thicknessCONTROL системи за мерење на метал, пластика,  гума, и други материјали.

3 системи со различни мерни технологии

Преку повеќе модели со различни типови на сензори, различен мерен опсег, и мерна ширина, Вие може да мерите дебелина и да контролирате квалитет на различни материјали и површини, а притоа со одличен сооднос цена/перформанс.

  • thicknessGAUGE system.laser со ласерски триангулациски сензор за поместување, за вообичаени површини од пластика до метали
  • thicknessGAUGE.confocal систем со конфокален сензор за поместување, за мерења со висока резолуција на високо рефлектирачки и сјајни површини
  • thicknessGAUGE.laser profile систем со ласерски профил сензор со сина светлина, за структурирани материјали како на пр.: перфорирани или врежани легури
мерен систем thicknessGAUGE Micro-Epsilon

Ласерски триангулациски сензор

ласерски триангулациски сензор M-E

thicknessGAUGE.laser системот користи ласерски триангулациски сензор за поместување, за мерење на дебелина. Овозможува висока мерна фреквенција (до 4 kHz), и неверојатна точност (до ± 4 / ± 20 µm).

thicknessGAUGE.laser е идеален за мерење на ленти, листови и друг дизајн на површини од пластика и дрво до метали. До 400 mm мерна ширина.

Конфокални сензори за неверојатно прецизна точност

thicknessGAUGE.laser системот користи ласерски триангулациски сензор за поместување, за мерење на дебелина. Овозможува висока мерна фреквенција (до 4 kHz), и неверојатна точност (до ± 4 / ± 20 µm).

thicknessGAUGE.laser е идеален за мерење на ленти, листови и друг дизајн на површини од пластика и дрво до метали. До 400 mm мерна ширина.

конфокални сензори M-E

Ласерски профил сензори за структурирани површини

ласерски профил сензори M-E

thicknessGAUGE.laser profile системот користи ласерски профил сензори со сина светлина за мерење на дебелина. Овозможува мерење и на структурирани површини и на материјали со геометриски шаблони меѓу кои перфорирани и врежани површини.

Мерната точност е ± 0.5 µm, а мерната стапка и до 100 Hz.

Оптимална композиција на систем

24 V напојување за лесна конфигурација и интеграција

има стабилна C-рамка, на која се фиксирани 2 оптички сензори за растојание кои детектираат дебелина на мерен објект согласно различни принципи

совршено подредени еден на друг сензори и калибрирани за Вашата апликација при склопување. Специјалното линеарно подредување на двата сензори на C-рамка овозможува повисока финална точност на системот споредено со точноста на секој сензор

thicknessGAUGE е во линеарна оска со електромеханички драјв кој го движи сензорот од наместена позиција до мерна позиција

во зависност од потребите на Вашата апликација, може да мери во фиксна позиција или во режим на поминување

мерен систем thicknessGAUGE Micro-Epsilon

Моќен софтвер

Сите thicknessGAUGE мерни системи се опремени со софтверски пакет за анализа, приказ, и архивирање на следени производни податоци.

ThicknessGAUGE Micro-Epsilon софтвер

Софтверот овозможува различни мерни режими меѓу кои фиксно мерење на дебелина на лента од било која позиција, мерење на дебелина на профил, мерење на неколку надолжни трендови, SPC пакет, и автоматска верификација на капацитет на мерен систем.

Има и други предности за документација и контрола на процеси: база на податоци, архива на производство, статистичка евалуација, следење на гранични вредности (опционално fieldbus интерфејси).

Автоматска калибрација

thicknessGAUGE мерниот систем е опремен со автоматска калибрација за да компензира на пр. ефекти на флуктуациски температури. Мерењата и верификацијата на сертифициран мерен блок е периодично изведена кога системот се враќа на изместена позиција.

Со калибрација, системот осигурува оптимална точност и елиминира девијација на мерно растојание меѓу сензори. Периодот на калибрација може да се избере во зависност од Вашите потреби. Потребни се само неколку секунди.

ThicknessGAUGE Micro-Epsilon калибрација

Типични апликации

thicknessGAUGE мерниот систем е погоден за мерења и во производство и во лабораторија. Се користи во производство на чинии за да континуирано мери дебелина на индивидуални мерни точки. Може да се користат и како иницијална опрема во нова постројка и да се интегрираат во постоечка. Поради голема прецизност и интелигентна технологија може да се користат во разни индустрии.

thicknessGAUGE M-E материјали
thicknessGAUGE M-E текстилна
thicknessGAUGE M-E металургија

Сакате да дознаете повеќе?

Thickness measurement thicknessGAUGE Micro-Epsilon

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news