Basler индустриска камера ace U

Светски признаениот производител на индустриски камери Basler го збогати портфолиото на својата најуспешна фамилија на ace камери со 4 модели од U-серија со висока резолуција. Сега и до 20 MP резолуција!

Користете индустриски камери со висока резолуција

Најмоќната U-серија на индустриски камери има Sony IMX183 CMOS сензор Exmor R. Со овој напреден Sony сензор, камерите Ви нудат и до 20 MP резолуција, и брзина од 17 фрејмови по секунда.

Оваа индустриска камера со 1″ големина на сензор промовира компактни и робусни 29 x 29 mm димензии. Овој дизајн овозможува да ја инсталирате камерата во апликации со ограничен простор. Иновативната BI (back-illuminated) технологија од Sony IMX183 нуди одлична сензитивност и мал шум со мала 2.4 µm големина на пиксел, така што оваа камера е идеален избор за точна контрола на квалитет на најфини структури.

индустриска камера basler ace u

Сакате да набавите наши опрема за Машински вид?

Автоматизација и на најсложени апликации

basler ace u gig-e usb интерфејс

Со помош на иновативна BI технологија, индустриската камера нуди неверојатна сензитивност на светлина која е идеална за примена во услови на слаба осветленост. PGI технологијата од Basler гарантира елиминација на артефакти кај сликите и во колор и во монохроматски модели. PGI технологијата Ви овозможува анализа на квалитет на слика на ниво на поединечен пиксел.

Производителот интегрира C-mount леќи во индустриската камера. Тоа Ви овозможува избор помеѓу широк спектар на различни леќи во зависност од потребите на Вашата апликација.

Сите 4 модели се достапни со тестирани GigE и USB 3.0 интерфејси. GigE моделите Ви нудат моќни GigE Vision 2.0 карактеристики како PTP – за синхронизација на повеќе камери во Ethernet мрежа.

Како и останатите Basler камери, употребата и интеграцијата е екстремно едноставна со помош на бесплатниот Pylon Camera софтверски пакет.

Благодарение на комбинацијата од напреден сензор и екстремно мали димензии, индустриската камера е идеална за контрола на квалитет на најфини структури во производство на PCB плочки. Камерата е екстремно погодна и во производство на LCD екрани со висока резолуција. Индустриски камери, како ace камери U-серија од Basler, се неопходни за контрола на квалитет на LCD екрани со многу пиксели.

Со ace камери од U-серија, Basler Ве снабдува со доверлива контрола на квалитет кај екрани со висока резолуција. По атрактивна цена и неверојатно висок квалитет на слика.

Контрола на квалитет кај PCB и LCD

PCB LCD контрола квалитет

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news