Машински вид

од водечки производители

Машинскиот вид Ви овозможува автоматска инспекција и анализа базирани на слика, за Вашите апликации. Како резултат на неговата брзина, точност, и повторливост се истакнува при квантитативни бесконтактни мерења на структурирани сцени.

Машински вид се користи за инспекција во повеќе фази низ текот на Вашата работа, и тоа: од селекција на делови и верификација на склопени делови до финална инспекција и следење. Ви овозможува автоматско следење на Вашиот производен процес, зголемена доверливост и достапност, елиминирани грешки, намалени трошоци и застој, поголема безбедност, итн.

Ви треба помош? Дозволете да Ви помогнеме.

Богат избор на производители

Ние сме лидери за решенија за машински вид. Нашите вешти инженери ќе Ви помогнат да развиете високотехнолошки и оптимални решенија. Со помош на машински вид автоматизирајте сè од верификација на склопени делови до комплексни “bin-picking” роботи.

Во нашиот богат асортиман на производи Вие ќе пронајдете опрема за машински вид од водечки производители:

Сакате да набавите наши опрема за Машински вид?

Оптимизација со камери за машински вид

Индустриски камери со висок перформанс се темел на машински вид. Тие снимаат, складираат, и архивираат важни информации, така што дозволуваат софтвер да носи одлуки врз база на информации од сликата со цел оптимизација на Вашиот производен процес.

Изберете од богатиот избор на камери:

Камери за скенирање на зона кои снимаат 2D слика од дадена сцена се најпогодни за Вашите апликации во кои објектите или бавно се движат или воопшто не се движат (на моменти).

Камери за скенирање на линија кои читаат податоци од слика на принцип линија по линија се особено погодни за брзи континуирани апликации кои имаат потреба од висококвалитетна слика и при едноставна илуминација. Најголем бенефит имате во случаи на објекти кои брзо се движат, детални инспекции кои бараат микронски мерења, и процедури на сортирање. Нивната употреба ги минимизира Вашите поставки, и целокупни системски трошоци.

Мрежните камери се робусни камери за надзор во надворешни услови или следење на комплексен внатрешен простор. Овие IP камери се истакнуваат по нивните екстремно брзи стапки на снимање слика, и високи резолуции. Тие едноставно се инсталираат, осигураат квалитетна слика и висок перформанс при слаба светлина. Тие се спремни за секоја апликација која може да ја замислите.

3D камери за 3D обработка на слика секогаш се користат за анализа на волумен, форма, или 3D позиција на движечки објекти. Ви помагаат да ги намалите вкупните системски трошоци, и поефикасно да ги дизајнирате Вашите 3D апликации. Вистински бенефит имате во разни апликации за: производство на компоненти за возила, пакување и решенија за процеси, индустриска роботика, производство на електроника, склопување, итн.

Друга опрема за машински вид

Сензори за вид се достапни како сензори за објекти и читачи на код, како моќни сензори за боја, или како универзални сензори кои комбинираат сензори за објекти и читачи на код. Вие имате најголем бенефит во апликации за: контрола на квалитет во производни процеси, детекција на присуство, позиција и ориентација, сортирање, инспекција на етикети, насочување, извршни елементи за фаќање, итн.

Индустриски 3D ласерски профил сензори се вистински избор за скенирање со висока резолуција и висока прецизност на статични сцени од најмали делови до големи објекти. Како резултат на нивната робусност, Вие може да ги користите и во груби работни средини.

Вградливи системи за вид кои комбинираат мали димензии со моќен процесор, се погодни во бесконечно долга листа на индустриски апликации, а особено при автоматизација на една фабрика. Нивните пониски набавни цени, помал број на движечки делови, и минимално одржување се привлечни причини за нивен избор. Дополнително, тие се полесни за употреба и интеграција во споредба со оние компјутерски базирани системи за вид.

Frame Grabbers картички се централна контролна единица со робусно високобрзинско прибирање и обработка на слика во реално време. Oвие печатени плочки може да бидат направени по мерка на Вашите конкретни потреби. Изберете ги доколку Вашата апликација вклучува online инспекција, deep learning, и автономни возила кои бараат робусна обработка на слика со минимална латентност и голема брзина.

Изберете висококвалитетни компатибилни додатоци и софтвер за машински вид со цел оптимален перформанс од камерите, и ефикасни решенија за Вашите проекти. Нашите додатоци за машински вид испорачуваат најдобар можен квалитет на слика за Вашите апликации со најголема можна доверливост, а нашиот софтвер ќе Ви овозможи едноставна и брза работа на Вашите камери во полн капацитет.

Известете нè и ние ќе го најдеме соодветниот производ за Вас.

Контактирајте нè

Восхитувачка технологија

Deep Learning е восхитувачка технологија која дозволува развој на најсовремени апликации за машински вид. Оваа технологија придонесува за повисок степен на автоматизација, многу поголема продуктивност, подоверлива идентификација и дистрибуција, и справување со поголема количина на објекти низ целиот Ваш производен ланец.

Со deep learning софтверот може да се спроведе локација на делови базирана на претходно донесена одлука, инспекција, класификација, поефективно препознавање на оптички карактери (Optical Character Recognition – OCR) во споредба со традиционална автоматизација преку машински вид. Сè повеќе водечки производители се насочуваат кон deep learning решенија и вештачка интелигенција за да ги совладаат нивните најсофистицирани предизвици околу автоматизација.

Прочитајте ги најновите вести за Машински вид

Претплатете се на нашиот весник!

Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.