Решенија за Машински вид

Решенијата за Машински вид овозможуваат автоматски инспекции врз основа на слика, кои ќе Ви помогнат доверливо и доследно да ги решите Вашите сложени задачи. Нашите вешти инженери ја употребуваат оваа технологија како поддршка за компјутерски вид и мрежни камери со цел 100% контролиран производ, забрзување на Вашето производство, зголемен квалитет на производ и работна безбедност, како и намалување на трошоците за производство.

Ви треба помош? Дозволете да Ви помогнеме.

Ние сме водечки извор на решенија

Инженери, Машински вид, апликација

Машински вид опфаќа апликации во кои Вие може да автоматизирате работно насочување на различни уреди кои ги извршуваат своите функции врз основа на снимени и обработени слики. Решенијата за Машински вид овозможуваат 100% квалитет на производ, така што детектираат ретки појави кои не можат да бидат детектирани со традиционални методи. Исто така, Вие може да развиете брзо мерење/контролирање, и да го отстраните човечкиот фактор при контрола на квалитет.

Типтех е водечки извор на решенија за Машински вид. Нашите високо квалификувани инженери ќе Ви помогнат да развиете оптимални високо-технолошки решенија. Системите за Машински вид ќе Ви помогнат да автоматизирате многу апликации, почнувајќи од верификација при склопување, па сè до сложени 3D роботски bin-picking апликации. Дополнително, Машинскиот вид ќе Ви овозможи да го намалите човечкото учество во Вашиот процес, и ќе гарантира високо ниво на безбедност.

Сакате да набавите наши опрема за Машински вид?

Бидете чекор пред сите со наша опрема, знаење, и искуство

Ние нудиме широк спектар на врвна опрема за визуелна инспекција за сите типови на тестови. Нашето долготрајно партнерство со водечки компании за Машински вид ни дозволува да обезбедиме совршено решение за било која задача на сите наши клиенти.

Ние може да Ви помогнеме при развој на решенија за:

  • Инспекција при склопување (присуство, боја, облик)
  • Доверливо мерење на димензии (ширина, висина, агол)
  • Следење на производ (позиција, ротација)
  • Откривање на дефекти (гребнатини, длабнатини)
  • Идентификација на дел (читање на код, препознавање на облици)
  • Насочување на Вашиот робот (позиционирање, ротација)

Дозволете да Ви помогнеме при развој на Ваши решенија

Неисправен- или неусогласен- производ претставува вистински трошок. Особено, доколку не биде детектиран пред почеток на масовно сериско производство. Со употреба на нашите системи за контрола на квалитет основани врз Машински вид, Вие може да го намалите ризикот од испорака на неисправни или неусогласени делови до Вашите клиенти. Нашите системи ефективно детектираат и отстрануваат вакви делови при што даваат сигурност дека Вие ќе испорачате единствено 100% квалитетни делови до Вашите клиенти. На пример, Вие може да изведете инспекција при лиење на калапи со цел да откриете дефекти на лиените делови.

По прибирање на слика од шише и нејзино складирање во меморија, софтверот за Машински вид на нашиот инспекциски систем за ниво на исполнетост, истата ја обработува или анализира, и издава одговор дали производот поминал или не (pass-fail) во зависност од нивото на исполнетост на шишето.

  • Систем за Машински вид може да обезбеди информација за локација која, на пример, може да го води роботот да подредува делови при производен процес, или точно да земе дел и истиот да го постави на друга локација.
  • Откако камера ќе детектира агол на ротација на определен дел, робот ги употребува овие податоци со цел соодветно да го постави делот на машина или кутија за пакување.
  • Систем со камера која открива ориентација на метални делови со остри рабови може да обезбеди дека секој раб е само еднаш поминат со скапа четка за отстранување на острини, така што го продолжува нивниот животен век за 50%.

Камера проверува присуство на определен дел, на пример, навртка кај автомобилски лост од рачна сопирачка. Ако навртката не е присутна, тогаш лостот е отстранет.

Камера доверливо прегледува електричен конектор за правилно ожичување врз основа на препознавање на боја. Кога камера прибира слика од ожичен конектор, тогаш алгоритам го прегледува секој кабел со правилна боја на секоја позиција.

Баркод читачи базирани на слика доверливо декодираат индустриски баркодови. Постојат неколку предности на овие читачи: повеќенасочно читање на код (чита кодови под било кој агол или ориентација), одличен перформанс на стапка на читање (постигнува високи стапки на читање и во услови на сложени кодови), повратна информација за квалитет на баркод (оценува квалитет на баркод со цел побрзо да идентификува проблеми), читање на 2D кодови, и многу повеќе од наведеното.

Известете нè и ние ќе Ви помогнеме при развој на соодветно решение.

Контактирајте нè

Прочитајте најновите вести

  • AV Studio Deep Learning

Adaptive Vision Deep Learning

Користете Adaptive Vision Deep Learning додаток за побрз и поедноставен развој на апликации со машински вид. Без претходно програмерско искуство.

Претплатете се на нашиот весник!

Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.