Решенија за Машински вид
Решенијата за Машински вид овозможуваат автоматски инспекции врз основа на слика, кои ќе Ви помогнат доверливо и доследно да ги решите Вашите сложени задачи. Нашите вешти инженери ја употребуваат оваа технологија како поддршка за компјутерски вид и мрежни камери со цел 100% контролиран производ, забрзување на Вашето производство, зголемен квалитет на производ и работна безбедност, како и намалување на трошоците за производство.
Ние сме водечки извор на решенија

Машински вид опфаќа апликации во кои Вие може да автоматизирате работно насочување на различни уреди кои ги извршуваат своите функции врз основа на снимени и обработени слики. Решенијата за Машински вид овозможуваат 100% квалитет на производ, така што детектираат ретки појави кои не можат да бидат детектирани со традиционални методи. Исто така, Вие може да развиете брзо мерење/контролирање, и да го отстраните човечкиот фактор при контрола на квалитет.
Типтех е водечки извор на решенија за Машински вид. Нашите високо квалификувани инженери ќе Ви помогнат да развиете оптимални високо-технолошки решенија. Системите за Машински вид ќе Ви помогнат да автоматизирате многу апликации, почнувајќи од верификација при склопување, па сè до сложени 3D роботски bin-picking апликации. Дополнително, Машинскиот вид ќе Ви овозможи да го намалите човечкото учество во Вашиот процес, и ќе гарантира високо ниво на безбедност.
Бидете чекор пред сите со наша опрема, знаење, и искуство
Ние нудиме широк спектар на врвна опрема за визуелна инспекција за сите типови на тестови. Нашето долготрајно партнерство со водечки компании за Машински вид ни дозволува да обезбедиме совршено решение за било која задача на сите наши клиенти.
Ние може да Ви помогнеме при развој на решенија за:
- Инспекција при склопување (присуство, боја, облик)
- Доверливо мерење на димензии (ширина, висина, агол)
- Следење на производ (позиција, ротација)
- Откривање на дефекти (гребнатини, длабнатини)
- Идентификација на дел (читање на код, препознавање на облици)
- Насочување на Вашиот робот (позиционирање, ротација)
Дозволете да Ви помогнеме при развој на Ваши решенија
Прочитајте најновите вести
3D машински вид Photoneo
Интегрирајте Photoneo индустриски 3D вид, AI решенија за автоматика, и други интелигентни софтверски решенија во роботи со врвен квалитет.
Вградлив Vision Starter комплет со dart USB камера
Со вградливиот Vision Starter комплет до максимален квалитет за минимална големина. Вклучени Basler dart USB камера и UP картичка од AAEON.
Cognex колор сензор In-Sight 2000 серија
Серијата In-Sight 2000 на колор сензори од Cognex служи за оптичка контрола во разни апликации. Поставува нови стандарди за едноставност и флексибилност.
Подобри слики по пониска цена – acA1300
Basler камерата аcA1300-200um Ви нуди и одличен квалитет на слика и висока стапка на пренос на слика по одлична цена. Докажано со тест резултати.
Time of Flight камера за 2D и 3D податоци
Basler ToF камерата Ви нуди атрактивно решение за широк спектар на апликации, меѓу кои: логистика, автоматика, и биометрија. Лесно се интегрира и се користи.
Basler вградлива мини камера за машински вид
Компактен, лесен, и елегантен дизајн на Pulse мини камера. Специјално дизајнирана за машински вид во медицина, микроскопија, транспорт, и трговија.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.












