Микродрајв за секоја апликација

Со компактни димензии и флексибилност во однос на тип на мотор и конективност, GA500 микродрајвот од Yaskawa е дизајниран за да ја совлада скоро секоја Ваша апликација. Има вредни функции и паметни карактеристики за бенефити во текот на целиот работен век на машината или инсталацијата.

Направете си го Вашиот живот полесен

Од селекција на драјв, до дизајн, инсталација, стартување, или детекција на проблем, GA500 микродрајвот од Yaskawa го прави Вашиот живот полесен. Комбинира прифатливост, перформанс, функционалност, флексибилност, и еднноставност. Сето тоа во едно пакување.

Со неверојатен сооднос квалитет/цена, нуди одлично решение, дури и за Вашите апликации со ограничени ресурси на располагање.

Сакате да набавите наши опрема?

Карактеристики кои ќе Ве импресионираат

Со интегрирана најнова технологија за индукција, перманентен магнет, и синхрони мотори со релуктанса, GA500 драјвот има најдобар перформанс за контрола на мотори со минимална енергетска потрошувачка.

Робусниот дизајн овозможува GA500 драјвот да работи на 50 °C без намален рејтинг. Функциите за следење на машина и интегрираното доживотно предвидување спречуваат дефекти одеднаш настанати. Следствено, гарантира ефективна работа и спречува загуби во производство.

Во комбинација со мрежна поддршка, карактеристики фокусирани кон апликација, и едноставна употреба, GA500 го минимизира Вашиот напор за да ја завршите Вашата работа.

Интегрираните карактеристики како PLC функционалност, EMC филтри, коло за кочење, 24 Vdc напојување за сензори, или STO коло со SIL3/Ple безбедносно ниво ја елиминира потребата од екстерни уреди. Со помал број на компоненти и намален простор, системот има поедноставен дизајн, а поголема ефикасност и доверливост.

GA500 ги поддржува сите главни индустриски комуникациски топологии за адаптација во разни мрежи. Тестираните и верификувани функциски блокови овозможуваат брза мрежна имплементација.

DriveWizard® мобилната апликација го трансформира Вашиот паметен уред во алатка за GA500 драјв.

Со Yaskawa аплиакцијата секогаш Ви се при рака најновите прирачници за GA500 драјвови.

DriveWorksEZ® нуди drag-n-drop графичка околина за додавање на прграмабилни функции за нагодување на драјвот по мерка на барањата на Вашата аплиакција.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Yaskawa GA500 microdrive

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other news