Моторни драјвови

од светски експерти

Моторни драјвови контролираат брзина и вртлив момент на мотори преку нагодување на излезен напон и фреквенција. Тие се основна потпора на современата индустрија.

Моторните драјвови Ви овозможуваат подобра контрола на процеси, помала потрошувачка на енергија, енергетска ефикасност, или оптимална работа на Вашите апликации со електромотори.

Ви треба помош? Дозволете да Ви помогнеме.

Изберете совршен драјв за Вашиот мотор

Во нашето портфолио може да пронајдете богат избор на производи за контрола и позиционирање на Вашите електромашини. Квалитетот и енергетската ефикасност на производите се под гаранција на најголемите светски признати производители.

Вие може да изберете стандардни или по Ваша мерка моторни драјвови и мотори кои ги исполнуваат Вашите конкретни барања од:

Сакате да набавите наши опрема?

Богат асортиман на производи

Инверторите нудат оптимално решение за сите апликации со инвертори, така што обезбедуваат висока ефикасност и интелигенција, и подобро процесно време и помали енергетски трошоци.

Серво драјвови одговараат на голем број индустриски апликации за контрола на позиција, брзина, и вртлив момент. Тие Ви се достапни во дигитален или аналоген формат, а може да бидат испорачани на три начини: самостојно, монтирани на картички (PCB), или монтирани во ормар со селектирани комуникациски протоколи. Исто така, може да Ви бидат испорачани со влезови за аналогна или чекорна контрола.

Серво моторите Ви дозволуваат прецизна контрола на аголна позиција. Нашите серво мотори се дизајнирани и за сложени работни средини. Нивните карактеристики Ви овозможуваат попрецизна контрола, и пократко време на смирување.

Драјвовите за чекорни мотори примаат импулси и сигнали за насока на чекорни мотори од контролери како PLC или компјутер.

Чекорните мотори лесно овозможуваат точно позиционирање. Вие може да ги интегрирате во разни видови на опрема за контрола на точен агол на ротација и брзина преку импулси. Тие се идеални за брзо забрзување и одѕив, а како резултат на нивниот механички дизајн држат позиција при стопирање.

Повеќе производи

Моторите со перманентен магнет со висока ефикасност во големи размери ги намалуваат димензиите на машината и штедат енергија, доколку тоа е можно. Тие ги исполнуваат сите Ваши потреби за голем број апликации, додека Вие помагате во заштита на нашата планета преку намалување на штетните CO2 емисии.

Моторите со директен пренос ја елиминираат хистерезата, го намалуваат бројот на механички компоненти, и нудат цврст механички систем за Вашите високо динамични апликации.

Контролерите за движење дозволуваат исплатлива конфигурација на контрола на движење во автоматските системи од било која големина. Тие може да бидат лесно адаптирани за самостојна употреба на единечна оска, за вмрежување со други контролни уреди, или за комплетна контрола на машина со повеќе оски.

Актуаторите индуцираат или контролираат движење кај механички системи со цел зголемена ефикасност и комплексност на процесот.

Со богатиот избор на отпорници за кочење ќе го ограничите протокот на електрична струја во разни дејности: контрола на дигалки на пристаништа и бродови, за подвижни ленти и контрола на драјвери, дистрибуција на енергија, конструкција на постројки, итн.

Известете нè и ние ќе го најдеме соодветниот производ за Вас.

Контактирајте нè

Прочитајте ги најновите вести за Моторни драјвови

Претплатете се на нашиот весник!

Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.