Бесконтактен Turck индуктивен енкодер

Бесконтактниот Turck индуктивен инкрементален енкодер од QR24 серија Ви дозволува да го нагодите бројот на излезни импулси во опсег од 1 до 5000 импулси по вртеж.

Нагодете го бројот на импулси

Бесконтактниот QR24 индуктивен инкрементален енкодер му дозволува на корисникот да го нагоди бројот на излезни импулси по вртеж во опсег од 1 до 5000. Корисникот е снабден со универзален енкодер кој може да замени цела група на класични модели.

QR24 енкодерот може лесно да се монтира на сите стандардни осовини со дијаметар до 20 mm, благодарение на неговиот интелигентен дизајн со прстенести адаптери. Бесконтактната конекција и IP67/IP69K заштитата овозможуваат лесно изводлива и доверлива инсталација и во најсурови индустриски средини.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Користете индуктивен енкодер во разни апликации

бесконтактен QR24 Turck индуктивен енкодер

Следните карактеристики овозможуваат овие енкодери со висока резолуција и со отпорност на абење и на магнетно поле, да бидат достапни во разни апликации:

  • Компактно, цврсто куќиште
  • Повеќе опции за монтажа
  • LED индикација за статус
  • Имуни на електромагнетна интерференција
  • 1024 импулси по вртеж (default)
  • 360, 512, 1000, 1024, 2048, 2500, 3600, 4096, параметризација преку Easy-Teach функција
  • Параметризација на бројот на импулси во опсег од 1 до 5000 преку PACTware
  • Нагодување на позиција по z-оска преку Easy-Teach функција
  • Burst функција, апсолутно инкрементална аголна позиција по Easy-Teach импулс
  • 10…30 VDC
  • Машки конектор M12, 8-пинови
  • Push-pull A, B, Z, A (инверзно), B (инверзно)

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Contactless inductive encoder QR24 Turck

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news