Сензори
од водечки производители
Сензорите детектираат настани или промени во нивната околина. Овие информации ги праќаат до другата електроника. Сензорите се клучен дел за автоматизација на производни процеси во широк спектар на индустрии. Преку аналогни или дигитални сигнали обезбедуваат значајни информации за физичко присуство, физичко својство, движење, или близина на објекти. Тие служат за тестирање, мерење, и контрола на разни видови процеси и функции на машините. Со појавата на Интернет на Нешта (Internet of Things – IoT) континуирано расте потребата за сензори кои функционираат како примарни генератори на податоци.
Долга листа на производители
Нашиот богат асортиман Ви нуди избор на повеќе од 100,000 сензори од светски водечки производители:
Изберете совршен сензор за Вашата апликација
Вие може да пронајдете сензори со бинарни-, аналогни-, и IO-link излези. Изберете помеѓу:
Изберете вистинско решение за секоја Ваша задача
Избор според оперативен принцип на сензор
Врз база на оперативниот принцип на сензорот, ние ги нудиме следните типови на сензори:
- Индуктивни,
- Фотоелектрични,
- Капацитивни,
- Магнетни,
- Ултразвучни,
- Радари,
- За аголна позиција,
- За линеарна позиција,
- 3D,
- Светлосни завеси,
- Вилушкасти,
- Енкодери,
- и Фибероптички.
Прочитајте ги најновите вести
Turck индуктивни сензори uprox3 серија со IO-Link
Флексибилна параметризација, функции за тајмер. Достапни во 4 варијанти. Достапен IO-Link работен режим. Универзални прекинувачи за идентификација.
Оптички сензор за растојание ODS10 серија – логистика
Со ODS10 серија мерете брзо и точно растојание до тешко мерливи објекти без разлика на нивниот материјал.
Leuze фотоќелија 46C серија за сложени апликации
Фотоќелии од 46C серија со 80% зголемена функционална резерва! Ви нудат зголемена доверливост, и намален застој на Вашите апликации.
Инфрацрвен пирометар CSVideo M2
Со Micro-Epsilon IR пирометарот мерете широк температурен опсег. Оптимално нагодете го мерното поле и за апликации со ограничен пристап.
Ласерски триангулациони сензори за растојание
Робусни ласерски триангулациони сензори од Micro-Epsilon и Leuze дизајнирани за задачи за растојание во индустриска автоматика, машини, и системи.
NAMUR сензори за безбедни Ex апликации
NAMUR сензори за потенцијално опасни зони. Благодарение на екстремно ниско количество на енергија за нивна работа идеален избор за безбедни Ex апликации.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.












