Ултразвучни сензори со врвен перформанс

Turck ултразвучните сензори од RU-U серии нудат детекција со мала мртва зона, голем мерен опсег, и многу можности за параметризација. Може да опфатите широк мерен опсег со помалку варијанти на сензори.

Преку помалку варијанти до поголем мерен опсег

Turck ултразвучните сензори од RU-U серии промовираат зголемен мерен опсег со помалку варијанти на сензор. Со тоа се намалува Вашата потреба за повеќе варијанти на залиха. Малата мртва зона на сензорите овозможува голем мерен опсег, на пр.: 40 cm мерен опсег со 2.5 cm мртва зона.

High-End верзиите може да функционираат и како прекинувач и како аналоген сензор. Преку IO-Link може да поставите различни работни режими, температурна компензација, или излезна функција.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Основни предности на RU-U серии

Голем мерен опсег

Новите звучни преобразувачи овозможуваат ултразвучните сензори да опфатат поголеми растојанија: M18 верзија до 1.30 m, а M30 верзија до 3 m. Втората верзија веќе не бара зголемени преобразувачки глави. Тоа овозможува нивна употреба во поголем спектар на апликации.

Благодарение на екстремно малата мртва зона (на пр.: само 2.5 cm за 40 cm мерен опсег кај M18 варијанта), RU-U сериите се компатибилни со претходните серии на Turck ултразвучни сензори. Доверливо може да бидат детектирани и објекти на мала близина до сензорот. Малата мртва зона, исто така, дава подобри можности за монтажа и ефективна детекција.

Робусното метално цилиндрично куќиште со континуирано навиен жлеб е вистински кратко, и има вграден метален M12 конектор на задниот дел. Цврстото куќиште не дозволува сурови услови, како на пр. ниска температура, да влијаат на перформансот на сензорот. Навивката по цела должина на сензорот дозволува позицијата на монтираниот сензор да се менува.

Мазниот звучен преобразувач на предната мембрана доверливо спречува контаминација и формирање на остатоци од честички. Механичкото движење на мембраната ги истресува остатоците и така сама се чисти. Остатоците може да бидат и комплетно рачно избришани. Остри средства за чистење не ја оштетуваат мембраната.

Teach-in функцијата преку пин 5 овозможува лесна и интуитивна поставка на параметри. Без компјутерски софтвер може да се постават мерен опсег и прекинувачка граница. Teach-in функцијата се остварува преку teach адаптер или преку интегриран тастер кај одредени варијанти. Функцијата мора да биде остварена во фиксен временски прозор, во спротивно не е валидна така што доверливо оневозможува случајна промена на параметрите. M18 варијантите имаат teach влез и на пин 2 што овозможува 100% компатибилност на сериите со претходните.

High-End варијантите може да бидат параметризирани и преку IO-Link interface v1.1. Сензорите може да бидат конфигурирани во различни работни режими.

Временска и температурна компензација се други параметри. Температурната компензација може да биде изведена преку внатрешен или надворешен температурен сензор. Со ова се елиминира влијанието на температурата врз мерењата.

Кај сензори со аналоген излез може да биде поставена карактеристика на опаѓање или растење, а со дигитален излез – на хистереза. Кај сензори со режим на 2 дигитални излези може да се конфигурира NPN/PNP и NO/NC режим за секој излез.

Ако во иста средина се инсталирани повеќе уреди, тогаш може да се постави режим на синхронизација или мултиплексирање за да се избегнат меѓусебни влијанија.

Преку поддржана COM2 комуникација може да се чита процесна вредност со 16-bit резолуција и со брзина од 38,400 точки.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

RU-U ultrasonic sensor series Turck

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news