Leuze ретро-рефлективен сензор

 Leuze ретро-рефлективниот сензор со неполаризирана светлина е новитет кој значително ја зголемува флексибилноста за детекција на објекти со нестандардна форма.

Детекција на секоја дупка!

Leuze моделот RK 46C VarOS на ретро-рефлективен фотосензор со неполаризирана светлина е новитет кој значително ја зголемува флексибилноста за детекција на објекти со нестандардна форма.

Новата Leuze фотоќелија од 46 серијата која користи само еден сензор овозможува доверлива детекција на објекти и со променлива форма и големина.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Користете го целиот светлински зрак

Серијата 46C на ретро-рефлективен сензор служи како модел за детекција на: оштетени палети (на пр.: недостасува дел од палета), палети со различна форма и големина, објекти со криви и нестандардни рабови, објекти со перфорирани делови, објекти со дупки или празнини… Специјално дизајнираната оптика овозможува детекција на објекти по цела висина на светлинскиот зрак.

Со лесна конфигурација може да ја конфигурирате минималната големина на објект до 7 mm или 14 mm. Висината на светлински зрак може да биде помеѓу 45 mm и 60 mm. Сензорот е механички претставник на популарната 46 серија, т.е доаѓа во пластично куќиште, и е компатибилен со сите постоечки монтажни материјали и рефлектори.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

retro-reflective sensor Leuze

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news