За Типтех
Автоматиката е срцето и душата на Типтех од 1996 година. Низ текот на овие 25 години, ние станавме лидер за дистрибуција и имплементација на индустриски електромеханички и електронски компоненти, системи, и решенија. Успешно комплетиравме многу проекти за автоматика и им помогнавме на повеќе од 14.000 компании да развијат конкурентна предност.
Ние сакаме Вие да имате бенефит од нашето професионално знаење и висококвалитетна опрема од врвни светски производители на опрема за автоматика со цел да ја одржите Вашата конкурентна предност во сите области на индустријата.
Автоматика. Наша страст. Ваш успех.

Типтех е водечка компанија за индустриска автоматика. Ние постојано го прошируваме нашиот опсег на активности и асортиман на производи. Посветено работиме за да ја одржиме нашата репутација на доверлив деловен партнер која ја заработивме и одржуваме 30 години.
Со нашето знаење, искуство, и иновации им помогнавме на повеќе од 14.000 компании да го автоматизираат нивното производство, и да имаат бенефит од автоматизација на нивните процеси. Нашите клиенти ја подобрија ефикасноста, осигурија точност, постигнаа заштеда на време, ги намалија оперативните трошоци, и напредуваа пред нивната конкуренција.
Запознајте го нашиот Генерален директор – Дамијан Јагер.
За Вас држиме чекор со најнови трендови
Со текот на годините, Типтех се прошири меѓународно од Словенија во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, и Р.С. Македонија, а нашата компанија со повеќе од 90 вработени сè уште расте и брзо се шири.
Во чекор со принципите на Индустрија 4.0, ние сакаме да Ви осигуриме пристап до Вашите машини, процеси, и производи во реално време. Ние Ви овозможуваме далечинска контрола на производство и поставување на процесни параметри.
Со задоволство ќе Ве советуваме, и ќе Ви помогнеме да развиете нова конкурентна предност!

Бројките покажуваат сè!
Дознајте зошто да нè изберете
Тоа што нас нè движи напред

Мисија: Континуирано следење на иновативен развој во глобална автоматика, анализа на нови идеи и решенија, и трансфер на истите до нашите партнери во најбрз можен рок.
Визија: Да станеме партнер за развој со клучни клиенти на опрема за автоматика, услуги за поддршка, и решенија.
Дневна движечка сила: Нашиот вешт инженерски тим со задоволство ќе Ве советува, и ќе Ви помогне да развиете конкурентна предност.
Богат асортиман на индустриска опрема за автоматика
Богат асортиман на опрема за индустриска автоматика од Типтех кој несомнено ќе ги исполни сите сложени барања за Вашите апликации.
Нашиот тим од искусни инженери помогна во развој на многу доверливи и уникатни решенија за автоматика со високи перформанси.
Нашиот асортиман на производи вклучува Сензори, Машински вид, Идентификација и логистика, Индустриски компјутери и мрежи, Безбедност на машини, Контролери и EX опрема.
Исто така, можете да пронајдете и Програмабилни контролери, Моторни драјвови, IoT уреди, Прекинувачи и Други уреди за автоматика.

Прочитајте ги најновите вести
Turck брз и робусен TBEC модул, IP67
Компактен TBEC модул со конекција до 128 read/write глави за Вашите најбрзи и сложени индустриски апликации.
Cognex систем за машински вид In-Sight 3D-L4000
In-Sight комбинира 3D ласерски профил скенер и паметна камера. Подобра точност на мерења и поголеми можности за контрола!
Leuze вебинар: DRT 25C тест за детекција
Погледнете тест за детекција за DRT 25C од Leuze. Видете како може да детектирате секаков тип на објект без разлика на боја, форма, и позадина.
Safety релејни модули SRB-E
Мултифункционални safety релејни модули за ефикасно следење на традиционални safety сензори и електромеханичка safety опрема!
Модуларен контролен I/O систем Yaskawa Vipa SLIO
Модуларен и екстремно компактен систем Yaskawa VIPA SLIO, овозможува совршени апликации за контрола на движење. Со само неколку кликови!
Потпорни раце и контролни панели од Teknokol
Новата линија на производи се истакнува со висококвалитетен, модерен, и ергономски дизајн. Гарантирана безбедност и едноставна употреба.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.





















