За Типтех
Автоматиката е срцето и душата на Типтех од 1996 година. Низ текот на овие 25 години, ние станавме лидер за дистрибуција и имплементација на индустриски електромеханички и електронски компоненти, системи, и решенија. Успешно комплетиравме многу проекти за автоматика и им помогнавме на повеќе од 14.000 компании да развијат конкурентна предност.
Ние сакаме Вие да имате бенефит од нашето професионално знаење и висококвалитетна опрема од врвни светски производители на опрема за автоматика со цел да ја одржите Вашата конкурентна предност во сите области на индустријата.
Автоматика. Наша страст. Ваш успех.

Типтех е водечка компанија за индустриска автоматика. Ние постојано го прошируваме нашиот опсег на активности и асортиман на производи. Посветено работиме за да ја одржиме нашата репутација на доверлив деловен партнер која ја заработивме и одржуваме 30 години.
Со нашето знаење, искуство, и иновации им помогнавме на повеќе од 14.000 компании да го автоматизираат нивното производство, и да имаат бенефит од автоматизација на нивните процеси. Нашите клиенти ја подобрија ефикасноста, осигурија точност, постигнаа заштеда на време, ги намалија оперативните трошоци, и напредуваа пред нивната конкуренција.
Запознајте го нашиот Генерален директор – Дамијан Јагер.
За Вас држиме чекор со најнови трендови
Со текот на годините, Типтех се прошири меѓународно од Словенија во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, и Р.С. Македонија, а нашата компанија со повеќе од 90 вработени сè уште расте и брзо се шири.
Во чекор со принципите на Индустрија 4.0, ние сакаме да Ви осигуриме пристап до Вашите машини, процеси, и производи во реално време. Ние Ви овозможуваме далечинска контрола на производство и поставување на процесни параметри.
Со задоволство ќе Ве советуваме, и ќе Ви помогнеме да развиете нова конкурентна предност!

Бројките покажуваат сè!
Дознајте зошто да нè изберете
Тоа што нас нè движи напред

Мисија: Континуирано следење на иновативен развој во глобална автоматика, анализа на нови идеи и решенија, и трансфер на истите до нашите партнери во најбрз можен рок.
Визија: Да станеме партнер за развој со клучни клиенти на опрема за автоматика, услуги за поддршка, и решенија.
Дневна движечка сила: Нашиот вешт инженерски тим со задоволство ќе Ве советува, и ќе Ви помогне да развиете конкурентна предност.
Богат асортиман на индустриска опрема за автоматика
Богат асортиман на опрема за индустриска автоматика од Типтех кој несомнено ќе ги исполни сите сложени барања за Вашите апликации.
Нашиот тим од искусни инженери помогна во развој на многу доверливи и уникатни решенија за автоматика со високи перформанси.
Нашиот асортиман на производи вклучува Сензори, Машински вид, Идентификација и логистика, Индустриски компјутери и мрежи, Безбедност на машини, Контролери и EX опрема.
Исто така, можете да пронајдете и Програмабилни контролери, Моторни драјвови, IoT уреди, Прекинувачи и Други уреди за автоматика.

Прочитајте ги најновите вести
Индустриски компјутер со екран на допир по атрактивна цена
Модел GOT3217W-845 со multi-touch екран по супер атрактивна цена за беспрекорна работа на Вашите најсложени апликации.
Вградлив Vision Starter комплет со dart USB камера
Со вградливиот Vision Starter комплет до максимален квалитет за минимална големина. Вклучени Basler dart USB камера и UP картичка од AAEON.
Leuze програмабилен safety контролер MSI400 серија
Комплетно нов MSI400 програмабилен safety контролер со брз и комфорен бесплатен MSI.designer графички интерфејс. Ефикасна интеграција на повеќе safety компоненти.
Turck RFID модули за побрза Ethernet конекција
Брзо конектирајте го Вашиот систем на Ethernet мрежа преку RFID интерфејс модули кои поддржуваат PROFINET, Ethernet/IP, или Modbus TCP протоколи.
Spohn + Burkhardt џојстици и контролни станици
Издржлива, робусна, и комфорна контролна опрема по Ваша мерка. Гарантирана безбедност, современост, и доверливост во широк спектар на апликации!
Cognex колор сензор In-Sight 2000 серија
Серијата In-Sight 2000 на колор сензори од Cognex служи за оптичка контрола во разни апликации. Поставува нови стандарди за едноставност и флексибилност.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.





















