Сензори
од водечки производители
Сензорите детектираат настани или промени во нивната околина. Овие информации ги праќаат до другата електроника. Сензорите се клучен дел за автоматизација на производни процеси во широк спектар на индустрии. Преку аналогни или дигитални сигнали обезбедуваат значајни информации за физичко присуство, физичко својство, движење, или близина на објекти. Тие служат за тестирање, мерење, и контрола на разни видови процеси и функции на машините. Со појавата на Интернет на Нешта (Internet of Things – IoT) континуирано расте потребата за сензори кои функционираат како примарни генератори на податоци.
Долга листа на производители
Нашиот богат асортиман Ви нуди избор на повеќе од 100,000 сензори од светски водечки производители:
Изберете совршен сензор за Вашата апликација
Вие може да пронајдете сензори со бинарни-, аналогни-, и IO-link излези. Изберете помеѓу:
Изберете вистинско решение за секоја Ваша задача
Избор според оперативен принцип на сензор
Врз база на оперативниот принцип на сензорот, ние ги нудиме следните типови на сензори:
- Индуктивни,
- Фотоелектрични,
- Капацитивни,
- Магнетни,
- Ултразвучни,
- Радари,
- За аголна позиција,
- За линеарна позиција,
- 3D,
- Светлосни завеси,
- Вилушкасти,
- Енкодери,
- и Фибероптички.
Прочитајте ги најновите вести
Цилиндричен фотосензор за апликации со ограничен простор
Цилиндричен фотосензор 412B од Leuze за апликации со ограничен простор. Убедливо компактен и робусен тенок метален дизајн!
Ласерски скенер – бесконтактна контрола на квалитет
Ласерски скенер scanCONTROL за точна детекција, мерење, и евалуација на профили од разни површини кај голем број индустриски апликации.
Turck решенија Pick-to-Light за склопување и селектирање
Pick-to-Light решенија од Turck за робусна, брза, и беспрекорна инсталација без потреба од контролен ормар. Гарантирано намалени трошоци.
Micro-Epsilon инфрацрвен пирометар thermoMETER CT модел
Инфрацрвениот пирометар thermoMETER CT е модерен софистициран сензор за бесконтактно мерење на температура и до 400 °C. Погоден е и за научни цели и во индустрија.
Ласерски сензор optoNCDT за брзи апликации
optoNCDT 1750 ласерски сензор Micro-Epsilon со нагодлива мерна стапка дизајниран за прецизни мерења со висока брзина во индустриска средина.
Leuze 25C – моќен фотосензор
Екстремно доверлива и ефикасна 25C серија на ретрорефлективни фотосензори од Leuze за широк спектар на индустриски апликации.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.












