Гарантирана контрола на квалитет

Micro-Epsilon ласерскиот скенер scanCONTROL е специјално дизајниран за детекција, мерење, и евалуација на 2D/3D профили на разни површини на објекти, и тоа бесконтактно. Имајте бенефит од сензорот со најдобри перформанси во светот во однос на точност и мерна стапка.

Изберете помеѓу 4 модели

Достапните модели на ласерскиот скенер scanCONTROL се погодни за бројни апликации во индустрија. Интегрираната интелигенција во главата на сензорот (scanCONTROL SMART) решава разновидни мерни задачи. Имајте бенефит од ласерскиот скенер таму каде контрола на квалитет и континуирани мерења за време на производниот процес се најважни.

Уредот може да има најмногу до 2 µm резолуција, а до 100 mm ширина на скенирана површина.

Погоден за широк спектар на типични апликации

Се препорачува за мерење на профили кај црвено-светлечки метали, како и транспарентни или органски површини

Најбрз модел на ласерски скенер за снимање до 4000 профили по секунда (4000 Hz фреквенција), за разлика од стандардните модели со 300 профили по секунда

Модел за мерење, евалуација, и излез во самостоен режим на работа. Поради интегрираниот контролер нема потреба од екстерен контролер. Скенерот директно ја контролира работата на Вашата машина преку дигитални излези или комуникациски протоколи.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Проверете го квалитетот на Вашите производи

Ласерскиот скенер е погоден за проверка на квалитет на производ за време на производниот процес, но може да се користи и како прецизен лабораториски инструмент. Од неодамна, многу популарна е и контрола на роботска рака со помош на податоци од ласерски скенер.

Достапна е и специјална верзија за детекција на отвори, наменета за следење и напредни мерења на дупки и пукнатини.

Други потенцијални апликации

  • Пронаоѓање на точки од рабови на профил, и одредување на координати
  • Мерење агли на профил
  • Детекција на дефекти: дупки, лакови, вдлабнатини
  • Мерење големина или димензии на дупка
  • Мерење облик на заварување или апликации на лепливи средства

Сакате да дознаете повеќе?

laser scanner scanCONTROL Micro-Epsilon

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news