Schmersal прекинувачи PS серија

Позициски прекинувачи од Schmersal со модуларен дизајн може да се користат кај сите апликации со задолжителна висока безбедност и заштита при работа со машини.

Детектирајте позиција на движечки машински делови

Schmersal има долга традиција на производство на позициски прекинувачи кои се едни од нивните најпрепознатливи производи. По успешно воспоставената PS116 серија, компанијата сега продолжи со PS серија на позициски прекинувачи.

Тие Ви нудат две групи на позициски прекинувачи: PS2xx и PS3xx. Двете групи гарантираат висока безбедност и заштита при работа со машини, и тоа cat 1 според ISO 14119 стандардот за безбедност. Поради големи барања во стандардот, Вие доверливо го штитите процесот преку детекција на позиција на движечки машински делови со оваа заштитна опрема.

Сакате да набавите наши опрема за Безбедност на машини?

Користете ги во сурови средини

Schmersal позициски прекинувачи PS

Достапни се во пластично или метално куќиште со IP66 или IP67 класа на заштита. Групата PS2xx има 30 x 30 mm напречен пресек на куќиште, а PS3xx групата – 40×40 mm. Достапна е и варијанта од втората група со 59mm куќиште.

Како и кај PS116 серијата на прекинувачи, Вие може лесно да го менувате типот на активатор, како и неговата ориентација за 45°.

Карактеристики на PS серија

Двете групи на прекинувачи се достапни со до 3 лизгачки контакти. Сите safety контакти функционираат во согласност со IEC 60947-5-1 стандардот, така што може безбедно да ги користите.

Во комбинација со safety модули, секој прекинувач може да се конфигурира до PLd ниво на безбедност. Но, со употреба на два прекинувачи може да постигнете PLe ниво на безбедност во согласност со Европската насока за безбедност ISO 13849-1.

Достапни се варијанти со M20 или M12 конектори. За побрза конекција, достапна е ротација за 45°.

Schmersal прекинувачи PS модели

Сакате да дознаете повеќе?

Schmersal position switches series PS

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news