Сензори

од водечки производители

Сензорите детектираат настани или промени во нивната околина. Овие информации ги праќаат до другата електроника. Сензорите се клучен дел за автоматизација на производни процеси во широк спектар на индустрии. Преку аналогни или дигитални сигнали обезбедуваат значајни информации за физичко присуство, физичко својство, движење, или близина на објекти. Тие служат за тестирање, мерење, и контрола на разни видови процеси и функции на машините. Со појавата на Интернет на Нешта (Internet of Things – IoT) континуирано расте потребата за сензори кои функционираат како примарни генератори на податоци.

Ви треба помош? Дозволете да Ви помогнеме.

Долга листа на производители

Нашиот богат асортиман Ви нуди избор на повеќе од 100,000 сензори од светски водечки производители:

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Изберете совршен сензор за Вашата апликација

Вие може да пронајдете сензори со бинарни-, аналогни-, и IO-link излези. Изберете помеѓу:

детектираат присуство на блиски објекти преку бесконтактни методи. Ви помагаат за детекција на присуство на делови и машински компоненти во безброј производни операции.

детектираат движење на објект. Сигналот го прилагодуваат за обработка, пренос, и контрола. Тие се идеални за високопрецизни мерења и на линеарна и на аголна позиција во разни апликации. користат разновидни технологии за детекција.

детектираат објекти кои поминуваат низ нивното поле на детекција. Тие може да детектираат и боја, чистота, или локација на објект. Тие овозможуваат броење и роботска селекција на објекти, автоматски врати и порти, … за целите на индустриска автоматика.

точно мерат процесни параметри. Постојат многу типови на сензори за процеси кои се користат во разни апликации. Најзастапена е големата четворка, т.е за температура, за притисок, за ниво, и за проток. Мултиваријабилните за процеси мерат и пресметуваат повеќе параметри, а мерењата ги преобразуваат во саканите мерни единици.

Изберете вистинско решение за секоја Ваша задача

мерат разни просторни параметри. Тие се идеални за високопрецизни мерења во автоматика, контрола на производство, или тест цели. Со контактни или бесконтактни методи со висока стапка на мерење работат на бројни површини.

намена вклучуваат сензори за боја во апликации на сортирање и инспекција каде бојата на објект е критериум. контраст користат разни извори на светлина за детекција и споредба на контраст, и даваат резултати со минимална девијација на сигнал (jitter). Ако други методи за детекција не се погодни или ознаките на објектот не се видливи во задачи на сортирање и инспекција, тогаш на сцена стапуваат луминисцентни. Детектори на раб се користат за броење на производи чии делови се преклопуваат на Вашите конвеери.

Додатоци како фибероптички елементи обезбедуваат светлина таму каде што е потребна. Стаклени или пластични оптички влакна Ви овозможуваат мерната патека да ја поставите на тешко пристапни места на кои Вашите сензори не може да се монтираат. Широк избор на клеми и држачи ќе Ви овозможат доверлива монтажа, и по потреба, едноставно склопување.

Известете нè и ние ќе го најдеме соодветниот производ за Вас.

Контактирајте нè

Избор според оперативен принцип на сензор

Врз база на оперативниот принцип на сензорот, ние ги нудиме следните типови на сензори:

  • Индуктивни,
  • Фотоелектрични,
  • Капацитивни,
  • Магнетни,
  • Ултразвучни,
  • Радари,
  • За аголна позиција,
  • За линеарна позиција,
  • 3D,
  • Светлосни завеси,
  • Вилушкасти,
  • Енкодери,
  • и Фибероптички.

Прочитајте ги најновите вести

Претплатете се на нашиот весник!

Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.