Индустриски компјутери и мрежи
Индустриски компјутери се компјутери кои се користат за контрола на процеси или за прибирање на податоци. Ниска енергетска потрошувачка, ефикасен и доверлив перформанс се некои бенефити на индустриските компјутери. Тие се совршен избор за интензивнa обработка на податоци во системи за обработка на слика или машински вид, како на пример. Индустриските мрежи Ви овозможуваат податочен пренос од Вашите уреди, и комуникација. Вие можете да ги контролирате Вашите процеси, и ефикасно и далечински да ги менаџирате.
Имплементирајте напредни компјутерски решенија
Индустриските компјутери се способни да имаат заеднички интерфејс со оперативни системи од повисоко ниво во фабриката. Преку нивниот капацитет за следење, визуелизација, и симулација, Ви помагаат да ја подобрите продуктивноста, да ја намалите стапката на дефекти, да ги намалите трошоците, и да ја зголемите профитабилноста. Вие можете да користите индустриски компјутери за автоматизација, прибирање на податоци, обезбедување, транспорт, мрежна комуникација, телекомуникација, дигитална сигнализација, дигитален надзор, POI/POS терминали, апарати за игри на среќа, точки на киоск, HMI, …
Стекнете предност со водечкото искуство на Axiomtek и изберете совршен индустриски компјутер. Нивниот широк избор на производи вклучува индустриски матични плочи и модули, системи и платформи, индустриски панел компјутери, и решенија за Вештачки IoT (Artificial Internet of Things – AIoT).
Богат избор на индустриски компјутери
Далечински пристап и комплетна контрола
Опремата вклучува ProfiNet, Modbus TCP, EtherNet/IP индустриски мрежи и протоколи за контрола на индустриски процеси кои конвергираат кон мрежи на Вашето претпријатие.
Денешните платформи за IoT и индустриски IoT го конектираат Вашиот хардвер на cloud, Ви помагаат да воспоставите сигурност на ниво на цело претпријатие, и обезбедуваат голема процесирачка моќност со цел анализа на Вашите податоци. Тоа овозможува едноставен пристап и имплементација на набљудувачки и услужни задачи од секаде по управлив трошок.
Тука ќе пронајдете опрема од следните водечки производители:
Богат избор на мрежна опрема

Прочитајте ги најновите вести за Индустриски компјутери и мрежи
MQTT – водечки комуникациски протокол за Индустрија 4.0
MQTT е ултра лесен, open source TCP/IP IoT комуникациски протокол кој лесно може да се имплементира врз база на publish/subscribe модел.
Робусен модуларен индустриски компјутер Axiomtek
Модуларниот индустриски компјутер IPC962-511 промовира ултракомпактно куќиште и оптимални опции за експанзија кај апликации во најсурови индустриски средини.
SPIDER Premium Line свичеви – до 26 портови
Конфигурирајте го Hirschmann свичот со голем број на портови, по мерка за Вашата мрежа. Погоден во секоја индустрија!
Индустриски безжичен пристап за брз податочен пренос
Индустриски безжичен пристап од Hirschmann за брз податочен пренос благодарение на IEEE 802.11ac технологија. Брзина на пренос до 876 Mbps!
Сигурен SECOMEA далечински пристап
Secomea решение за сигурен далечински пристап во Индустрија 4.0. Прифатено од машински инженери и системски интегратори ширум светот!
Индустриска firewall мрежна заштита
Изберете EAGLE firewall заштита од Hirschmann со напредни мрежни сигурносни карактеристики, повеќе влезови, лесна конфигурација, флексибилност, и атрактивна цена.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.












