MQTT

MQTT или Message Queing Telemetry Transport е водечки комуникациски протокол за Индустрија 4.0.
MQTT е TCP/IP IoT комуникациски протокол. Тој е ултра едноставен, open source, publish/subscribe комуникациски модел кој е многу лесен за имплементација. Екстремно корисен во апликации каде low code принцип, ниска енергетска потрошувачка, и доверлива податочна дистрибуција имаат особена важност.

Праќајте податоци директно до клиент

Publish/subscribe е алтернатива на традиционален HTTP клиент-сервер модел каде клиентот директно комуницира со крајната точка. Разликата е во publish/subscribe моделот каде клиентот не извлекува податоци од серверот, туку серверот ги праќа при некој настан.

Потребна е доверлива TCP конекција за комуникација. Доколку е прекината, тогаш серверот може да зачува податоци во бафер кои ќе бидат испратени до клиент при повторно воспоставување на конекцијата.

Сакате да набавите наши опрема?

Праќајте пораки од издавачи до претплатници

MQTT брокер

Централна комуникациска точка е т.н. MQTT брокер кој има задача да предава пораки од издавачи до претплатници.

Селектира соодветен претплатник врз база на содржина. Издавачи имаат задача да пратат порака до брокер со конкретна содржина.

Праќањето е базирано на настани, што значи дека податоците се праќаат при некоја промена (или на временски интервал).

Претплатниците примаат пораки од MQTT брокерот само со содржина за која се претплатени.

Главни предности со MQTT

MQTT гарантира високо ниво на сигурност со TLS/SSL сертификати за TCP протокол.

Форматот на MQTT пакет или порака содржи 2 бајти фиксно заглавје (секогаш присутно), променливо заглавје (не секогаш присутно), и содржина (не секогаш присутна). Преземање само на суштински компоненти ја намалува количината на податоци.

Пораките се праќаат асинхроно со pub/sub архитектура. Секој испратен пакет има своја цел, секој бит е внимателно избран за да се одржи минимална податочна потрошувачка.

Секоја MQTT мрежа треба да има најмалку:

  • 1 x MQTT брокер,
  • 1 x MQTT издавач,
  • 1 x MQTT претплатник

MQTT користи LWT карактеристика за да извести клиенти за други дисконектирани клиенти. Секој клиент може да специфицира своја последна порака кога се конектира со брокерот. Последна порака е нормална MQTT порака со содржина, задржано знаменце, QoS, и информација.

Брокерот ја чува таа порака сè додека да детектира дека клиентот е дисконектиран. Како резултат на дисконекцијата, брокерот ја праќа последната порака до сите претплатени клиенти. Ако клиентот се дисконектира со точна DISCONNECT порака, тогаш брокерот ја поништува зачуваната LWT порака.

MQTT е OASIS стандардизиран протокол кој овозможува интеграција со IoT, платформи, и оперативни системи. За најголем број MQTT апликации, доволни се основни команди (CONNECT, PUBLISH, SUBSCRIBE, DISCONNECT).

Може да поставите 3 типови на QoS во зависност од апликација:

  • QoS 0 – пораките се испратени, може да настане загуба на податоци
  • QoS 1 – пораките гарантирано се примени, може да настане дупликат
  • QoS 2 – пораките гарантирано се само еднаш примени
MQTT комуникациски протокол Индустрија 4.0

Сакате да дознаете повеќе?

MQTT ladder functions

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news