Индустриски компјутери и мрежи
Индустриски компјутери се компјутери кои се користат за контрола на процеси или за прибирање на податоци. Ниска енергетска потрошувачка, ефикасен и доверлив перформанс се некои бенефити на индустриските компјутери. Тие се совршен избор за интензивнa обработка на податоци во системи за обработка на слика или машински вид, како на пример. Индустриските мрежи Ви овозможуваат податочен пренос од Вашите уреди, и комуникација. Вие можете да ги контролирате Вашите процеси, и ефикасно и далечински да ги менаџирате.
Имплементирајте напредни компјутерски решенија
Индустриските компјутери се способни да имаат заеднички интерфејс со оперативни системи од повисоко ниво во фабриката. Преку нивниот капацитет за следење, визуелизација, и симулација, Ви помагаат да ја подобрите продуктивноста, да ја намалите стапката на дефекти, да ги намалите трошоците, и да ја зголемите профитабилноста. Вие можете да користите индустриски компјутери за автоматизација, прибирање на податоци, обезбедување, транспорт, мрежна комуникација, телекомуникација, дигитална сигнализација, дигитален надзор, POI/POS терминали, апарати за игри на среќа, точки на киоск, HMI, …
Стекнете предност со водечкото искуство на Axiomtek и изберете совршен индустриски компјутер. Нивниот широк избор на производи вклучува индустриски матични плочи и модули, системи и платформи, индустриски панел компјутери, и решенија за Вештачки IoT (Artificial Internet of Things – AIoT).
Богат избор на индустриски компјутери
Далечински пристап и комплетна контрола
Опремата вклучува ProfiNet, Modbus TCP, EtherNet/IP индустриски мрежи и протоколи за контрола на индустриски процеси кои конвергираат кон мрежи на Вашето претпријатие.
Денешните платформи за IoT и индустриски IoT го конектираат Вашиот хардвер на cloud, Ви помагаат да воспоставите сигурност на ниво на цело претпријатие, и обезбедуваат голема процесирачка моќност со цел анализа на Вашите податоци. Тоа овозможува едноставен пристап и имплементација на набљудувачки и услужни задачи од секаде по управлив трошок.
Тука ќе пронајдете опрема од следните водечки производители:
Богат избор на мрежна опрема

Прочитајте ги најновите вести за Индустриски компјутери и мрежи
Hirschmann мрежен SPIDER PoE инџектор и PoE свич
SPIDER PoE фамилијата обезбедува и едноставна интеграција на уреди во мрежа и флексибилна ефикасна експанзија на мрежи.
Робусен DIN-шински вградлив компјутер – IoT Gateway решение
Axiomtek како врвен производител на индустриски компјутери Ви нуди ICO300-MI решение за робусен DIN-шински вградлив систем базиран на Intel® IoT gateway уред.
Моќен, тенок, и тивок индустриски компјутер
Axiomtek индустриски all-in-one компјутер со тенок 17" екран на допир со IP 65 заштита е идеален избор за апликации во сурови индустриски средини.
Axiomtek индустриски fanless компјутер
Робусен тенок eBOX625-312-FL модел на четиријадрен индустриски компјутер за висок перформанс и енергетска ефикасност во апликации со просторни ограничувања.
Clear Space технологија – за доверлива безжична мрежа
Гарантирана непречена WLAN комуникација, подобра латентност, доверливост, и брзина на пренос на комуникациски пакети!
Моќен индустриски PoE компјутер
Користете eBOX671-521-FL вградлив систем од Axiomtek со моќен GPU перформанс за апликации со машински вид.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.












